Вработените во ФЕНИ земаа плата! ДПМНЕ, Груевски и Јанчев “пукнаа” од мака!

На задоволство на вработените а на штета на ДПМНЕ, ФЕНИ денес ја исплати заостанатата плата

Вработените во Фени Индустри од Кавадарци ја добија заостанатата плата и се надеваат дека од понеделник ќе почнат со работа.

Претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов за МИА изјави дека заостанатата плата им е исплатена на вработените и оти новиот сопственик „Енекод“ од Бугарија не се откажува од „Фени Индустри“.

Денеска се прават финалните преговори. Вчера во директни преговори ни беше потврдено дека денеска ќе земеме плата и тоа и се случи. Имаме официјален меил дека тие не се откажуваат од „Фени“ и дека ги демантираат изјавите во медиумите оти се откажале, вели Палитов.

Вработените, вели Палитов, се надеваат дека од понеделник ќе стартуваат со работа.

Новиот сопственик најави дека сите вработени, околу илјада, ќе останат на работа.