Во Росоман ќе се реставрира споменикот на паднатите борци од Првата светска војна

Военото аташе на Република Турција, градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов, преставници од локалната самоуправа Кавадарци и амбасадори на Унгарија и Австрија во Република Македонија минатата недела го посетија споменикот на паднатите борци во Првата светска војна.

По иницијатива на Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија д–р Јожев Бенце започна реставрацијата на споменикот на паднатите борци од Унгарија, Австрија, Романија и Турција за време на Првата светска војна кој се наоѓа во близина на Росоман. На средбата присуствуваше и главниот советник на Министерството за одбрана на Унгарија Лајош Хорват.

Овој споменик е подигнат 1918 година на крајот на Првата светска војна а на него е вметнат натпис “Споменик на победниците, германци, австријци, унгарци и турци”.
Од страна на амбасадорите се најави спонзорство за реновирање на пристапниот пат до споменикот со поставување на патоказ и уредување на околината. Во првата фаза од расчистувањето на споменикот се откриени гробници на романски војници.

Оставете коментар