Ноам Чомски: како власта манипулира со луѓето преку медиумите

Ноам Чомски е амаерикански лигвист, филозоф, историчар, политички критичар и активист. Авотр е на повеќе од 100 книги во кои покрај лингвистиката, се занимава и со политика, војните и масовните медиуми. Еве ја листата на десетте стратегии за манипулација по пат на медиумите.

1. Пренасочување на вниманието

Вниманието на јавноста се пренасочува од важните проблеми кој неважните. Јавноста треба да се презапосли во поплава од небитни информации за да не би размислувала и стекнала основни сознанија за разбирање на светот.

2. Создавање проблем

Оваа метода се нарекува “проблем – реагирање – решение” метода. треба да се создаде проблем за да дел од јавноста реагира на него. На пример: да се предизвика и пренесува насилство со цел јавноста полесно да го прифати органичувањето на слободата, економската криза или за да се оправда решењето на социјалните држави.

3. Постепеност на промените

За да јавноста се согласи на некоја неприфатлива мерка, таа треба да се воведува постепено, “сервирана на лажичка”, месеци и години. Промените кои би можеле да предизвикаат отпор, ако би биле изведени во краток временски период, треба да бидат спроведени со политика на мали чекори. Светот така со тек на време се менува, но нема да биде свесен за промените.

4. Одложување

Уште еден начин за припремање на јавноста на непопуларни промени е тие да се најавуваат многу порано, однапред. Луѓето така нема да ја почувствуваат цела тежина на промените, бидејќи претходно се привикнуваат на самата идеа за промени. Покрај тоа, и “заедничката надеж за подобра иднина” го олеснува нивното прифаќање.

5. Употреба на детски јазик

Кога на возрасните им се обраќате како да станува збор за деца, се постигнуваат два клучни резултати: јавноста ја потиснува својата критичка свест и пораката има јако влијание на луѓето. Тој сугестивен механизам во голема мера се користи и при рекламирање, маркетинг.

6. Будење на емоции

Злоупотребата на емоциите е класична техника која се користи при предизвикувањето на краток спој, по пат на разумно просудување. критичката свест се заменува со емотивен импулс (бес, страв, и сл). Употребата на емотивниот регистер овозможува пристап кон несвесното, или пак предизвикува одредено однесување.

7. Незнаење

На посиромашните слоеви треба да им се оневозможи пристап кон механизмот на разбирање на манипулацијата со нивно согласување. Квалитетот на образованието на пониските социјални слоеви треба да биде што послаб или под просекот за да амбисот помеѓу образованието на повисоките и пониските слоеви остане непремостлив.

8. Величење на глупоста

Јавноста треба да се поттикнува при прифаќање на просечноста. Потребно е да се убедат луѓето дека е пожелно (во мода) да се биде глуп, вулгарен и необразован. Истовремено треба да се предизвика отпор према културата и науката.

9. Создавање на чувство на вина

Треба да се убеди секој поединец дека само и исклучиво тој е одговорен за сопствената несреќа, и покрај оскудното знаење, ограничените способности, или недоволниот труд. Така несигурен и потценет поединец, оптеретен со чувството на вина, ќе се откаже од барањето на правни причини за својата состојба и бунт против економскиот систем.

10. Злоупотреба на знаењето

Брзиот развој во последните 50 години создава растечка провалија помеѓу знаењето на јавноста и оние кои го поседуваат и користат, владејачката елита. “Системот”, заслугите на биологијата, неуробиологијата и практичната психологија, имаат пристап до напредно знаење за човекот и на физички и на психички план.
 

Оставете коментар