Владиката Петар: Покај се или ќе гориш во пеколот

Да, тоа сум јас – вели владиката, објаснувајќи дека знаел оти Фрчкоски издал наредба да биде кодошен.

– Kога почна лустрацијата за Фрчкоски пред околу една година и беше прозван дека следел и свештени лица, тогаш се изјасни дека тој го продолжил тоа што го правеле неговите претходници, а дека било правено и по него, што во суштина не е никакво оправдување. Не може својот грев да се очисти повикувајќи се на гревовите на другите. Тоа си е негов грев и треба да го очисти со јавно извинување дека сторил престап и признание дека дал наредба да се клеветат луѓе. Досега тој не го повлекол тоа што го наредил или не негирал дека тоа го сторил“, вели Владиката за „Дневник“

Владиката Петар вели дека нема намера да го тужи Фрчковски и му порачува да се покае бидејќи душата ќе му гори во пеколот.

Оставете коментар