“Визија” – единствен бенд од Македонија во финалето на престижниот фестивал “Миксер” во Белград

Покрај македонскиот бенд “Визија”, кој неодамна беше дел и од финалето на најстариот европски рок фестивал – „Заечарска Гитаријада“, помеѓу финалистите се и: Apмуши, Julеѕ Vеrne, Lаtе for coffee, Lоrnа Wing, Luz Аzul, MuѕеTrаp, Ѕnооp Bunny & dr. G, Ѕiеmprе Pеligrоso и Bизeљ од Србија, Media Stress од Хрватска и Voodoo Mojo од Босна и Херцеговина.
Финалистите покрај настапот, ќе бидат застапени и на официјалниот производ на фестивалот – компилацискотo CD: Double Dare: New power, кој ќе биде издаден пред почетокот на фестивалот, а целиот приход од неговата продажба ќе биде уплатен во фондот за загрозени од поплавите.

“Миксер” ќе се одржи од 5 до 8 јуни 2014, а настапот на “Визија” е закажан за 7 јуни со почеток во 20:30 часот.  

Оставете коментар