Висок притисок (афоризми)

Претседателот Ѓорѓе Иванов не грешел во мандатот.А работел ли ?

Стево Пендаровски сакал слободна Македонија во обединета Европа.Многу сакал.

НАТО не се држел до неговите принципи.Важно е ние да се држиме.

За да го намалат високиот притисок од ДУИ, не тераат да јадеме банани.

Ако не може со Путин во НАТО, може ли во ЕУ преку договор на дело ?

Секој пораз му носеше победа.

На државата и фали платформа-нафтена.

Кој вели дека Македонците не протестираат? Постираат, како не постираат.

За принципи не разговараме.

Пеле играл во време на Адам и Ева. За негово време бил ГОСПОД, грешнику еден !

Партијата бара различни размислувања, за да ги прогласи за малициозни. Такви сме, МИЛИциозни!

Ние не сме народ, ние сме злато – 102,5 %

На Балканот претежно облачно со повремени предвремени избори.

Кога би избирал помеѓу Ѓорѓе и Стево би го избрал Бранко.Ти ласкам Стево, сети се Заев !

Некогаш “Омнес виае Ромам дуцунт” било заради нешто, денес “Сите патишта водат кон Скопје” е заради конвенција.

Некои истражувачки новинари немаат проблем со пари -КОПИраат.

Подобро со мартинка на рака, отколку со јаже на дрво.

Сеедно ми е од се едно.

Каков шут-дворски !

Мајмун, како тоа гордо звучи !

Карванот си лае, кучињата си одат !

Некои артефакти биле во домашен притвор.

Одличен резултат во политиката е кога народот те повторува.

За два часа собрале 20 000 потписа.Тоа е војска генерал Стојанче !

Те молам не биди ВОЛунтарист/ка.

Долговите на државата ќе и бидат простени, ама само за ПРОЧКА .

Во амкањето победи.Се служеше со раце.

Ако Северина има споменик во Скопје секогаш ќе биде нежно светната.

Црвени рози за вас мадам, од последниот ред.

Синоќа за Оскарите бевме во ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ.Зградата во која живееме немаше ФАЗА.

Собранието на РМ ќе се распушти во среда.Сирото тоа !

Во натпреварот помеѓу државата и ПАРТИЈАТА коефицентот за 2 во 2 е 1

ВМРО-ДПМНЕ од партиската конвенција ни порача: “Зхивотот не е тежок, животот е убав-сакајте не !”

Се обложив дека нема да бидат на власт уште 100 год.Бидете живи и здрави па ќе видите.

За инает на ДУИ сите на избори, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.Само кажете, ако треба за вас ќе седиме сите дома.

Тони Михајловски бил професионалец.Како Бора Тодоровиќ е.

Ова Собрание не било отепано, било малку натепано.

Некои бараат рамо за плачење, други за бокс.

Стево бил за Обама, Ѓорѓе за Путин, а Геро за Слободен .

И јас сум слободен, имам ценовник.

Го прифати предизвикот.Стана кукла од насловна страна.

Во животот да си жив е успех, а после него и животен успех.

Утре ќе се распуштал Уставот.
Некои новинари не разбрале дека Трајко е далеку од спикер.

Деловите му функционираат како швајцарски, само стрелките тука пак тука. Што часовник ќе беше ова ?

На изборите ќе ги видат излезените и неизлезените и излезените и неизлезените од неизлезените.

Не биле ниту за исток, ниту за запад.Биле не врзани на умот.

Беа арогантни, единствени како еден за еден и не сакаа циркус.Кој е искрен, пола им се простува.

Акламацијата е добра работа.Рекламацијата е з….на.

Нашиот Устав е многу либерален.Овластувањата на претседателот не зависат од него, туку од времето и човеците.

Од политика купи ден -продај, преминаа на самит.

Сакаат различно размислување, исто со нивното.

Има харизма, некои уште го следат.

Тој мисли, не е за верба.

Беа задоволни од резултатот и отворија шише боза.

Ќе треба да најдеме по некоја врбова гранка да фрламе.Наближува времето.

Од едно вечерно школо разбрав дека Путинова Русија не е како онаа која пијана не признала под уставното име.

Претседателот Иванов се сретнал со кавадарчани, селани од Тиквешијата и градски селјаци.

Го советувам Стево да дава согласност на оние кои сакаат да гласаат за него.Некои би можел и јавно да ги одбие кои се фалат.

Единствената придобивка од СЕЧАТА на градскиот плоштад во Кавадарци е погледот кон убавата општинска зграда .

Кој Центар или Клиника ќе ги прима родителите кои просат пред банките за нивните деца ? 

Оставете коментар