(ВИДЕО) Во Дрекслмаер немаат камшик, но имаат софистициран облик на робовладетелство!!!

 

Вработениот сведочи за лошите робовладетелски услови кои ги поседува оваа компанија.

Цивил Медиа пренесува изјава на работник од Велес кој работи во странската инвестиција “Дрекслермаер” во Кавадарци. Како и многу други, нашиот соговорник инсистира на анонимност, бидејќи се плаши дека ќе ја изгуби работата, а и дека ќе биде мета на други притисоци.

Неговата сторија е потресно сведоштво за борбата за опстанок на работниците кои се приднудени да бараат работа која е слабо платена, каде условите за работа се тешки, каде заштитни средства добиваат само кога доаѓаат претставници на компанијата од Германија и каде единственото нешто што е од 21. век се машините на кои работат работниците.

„Работиме и по 13 до 15 часа… Немаат камшик, но имаат софистициран облик на робовладетелство.“ – вели нашиот соговорник.

Не можат да се организираат во синдикат. Тоа не е забрането, но тие што ќе се обидат да се организираат, догворот за работа, кој вообичаено трае до шест месеци, едноставно, не им се продолжува.

Работникот особено се жали на односот на локалните менаџери и верува дека за ова не се знае во Германија од каде потекнува компанијата.

Прилогот го подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.

Новинарки: Арбана Ќерими и Биљана Јордановска

Уредник: Синиша Станковиќ

Прилогот е дел од проектниот сегмент Street Media и е дел од активностите на Иницијативата Социјална правда сега! која ја сочинуваат ЦИВИЛ – Центар за слобода и Македонска платформа против сиромаштија. Иницијативата е поддржана од Фондацијата Фридрих Еберт

Оставете коментар