(ВИДЕО) Бејкова во “елемент”: “МРТ, ќе се соочите со тужба од граѓаните!”

Билјана Бејкова, граѓанска активистка и поранешен новинар во МРТ, му порача на актуелното раководство на МРТ, дека наскоро ќе се соочи со кривична пријава од граѓаните. Бејкова потенцира дека јавниот сервис со начинот на своето фунционирање и информирање постојано го крши законот според кој наместо да биде владин пропаганден мегафон, треба да биде независен од било кој државен орган.

На вчерашниот собир и перформанс пред МРТ што го организираше „Ајде!“ таа нагласи дека овој настан е само почеток на граѓанското будење и на граѓанското движење за враќање на Македонската радиотелевизија на граѓаните. Ајде да си ја вратиме вратиме МРТ! Ајде да си јавратиме слободата!, повика Бејкова.

Оставете коментар