Во општа болница Кавадарци успешно извршена операција на рака

Со докторите по ортопедија во Кавадарци работеше ортопедскиот хирург доктор Синоличка Џамбазова од Клиниката за ортопедски болести во Скопје која беше дел од првиот македонски тим кој замина на усовршување во Турција.

Престојот во турската клиника за Џамбазова е привилегија на која ќе се сеќава низ текот на целиот живот и искуство кое има можност да го пренесе и искористи во Македонија.
Џамбазова вели дека стекнатото искуство од Турција го применила и при интервенцијата односно операцијата на рака во Кавадарци.

Џамбазова потенцираше и дека клиниката за ортопедски болести од Скопје стои на располагање со целиот свој тим за своите пациенти без разлика дали се од Скопје, Кавадарци или било кое друго место и најави нејзино следно доаѓање во Кавадарци во декември.

Оставете коментар