Ексклузивно: Урбан Инвест покрена тужба против Фени Индустри

Оваа постапка е покрената до основниот суд во Велес. Како тужител е наведена компанијата УРБАН ИНВЕСТ од с.Возарци од Кавадарци, додека тужена е компанијата Фени Индустри исто така од с.Возарци од Кавадарци.

Долгогодишното загадување кое го врши Фени Индустри а притоа никогаш не одговараше затоа што е  во спрега со локалната па и централната власт, конечно наиде на отпор и не од било кој туку од соседната компанија Урбан Инвест.

Раководните лица од Урбан Инвест во тужбата наведуваат дека нивните вработени лица,  при вршењето на службените работи, секојдневно го минуваат патот кој е непосредно пред фабриката Фени. Секојдневно истите се приморани да возат по крајно валкан и нечист пат, со натрупана нечистотија и црвена прашина која се должи од процесите на производството спроведувани од страна на тужениот. 

Нечистотијата на патот истотака се должи и на транспортот кој се врши за потребите на тужениот. Тужениот во текот на целата година создава штетни емисии, односно врши исфрлање на прашина и чад, а тоа штетно се одразува и се загрозува цела непосредна околина, вклучително и селото Возарци, а се загрозува и здравата животна средина.

Жителите од село Возарци долги години се живи сведоци за несовесното загадување кое го прави Фени Индустри, но како што велат мештаните нивните усти се запечатени заради фактот што дури 90% од жителите на Возарци се вработени токму во Фени.

Да потсетиме дека пред 2 недели компанијата Фени Индустри доби награда за општествена одговорност, додека пак градоначалникот на Кавадарци Александар Панов доби признание за посебно залагање во делот на здрава и чиста околина…ех, оваа наша чудесна земја.

 

Подготви Кире Бебеџаков

Оставете коментар