Учествуваме со намера да уништиме

Големата лекција која ја учиме последниве девет години во Македонија, е онаа за улогата на антисистемските партии во услови на демократија. Изразот „антисистемска партија“ се појави во литературата на политичките науки во шеесеттите години од минатиот век, а се користеше за да го објасни поведението на фашистичките, нацистичките и комунистичките партии. Анализирајќи ја нивната улога во демократските системи во периодот меѓу двете светски војни и непосредно по Втората светска војна, западните научници доаѓаат до едноставниот заклучок дека антисистемските партии „учествуваат со намера да уништат„.

Да го уништат демократскиот систем, се разбира. Подоцна, ширењето на демократиите и во незападниот свет ја произведе класификацијата на „ограничени и умерени“ и „екстремни и порализирани“ плурални системи, во зависност од постоењето на антисистемски партии. Инаку, бидејќи демократскиот систем почива врз институционализација на несогласувањето кое со ништо не може да биде ограничено , тој запаѓа во невоља кога ќе се појави партија која не се согласува со базичните принципи и институции на демократијата. Што, имено, да се прави со партија која, кога би можела, би ја сменила не само власта туку и самиот демократски систем на владеење или партија која произведува перманентна поларизација активирајќи ги центрипеталните тенденции во општеството. Со оваа мака се соочуваат и Западните демократиите, секогаш кога со помош на демократскиот систем на владеење, на власт сакаат да дојдат партии чија цел е да ја уништат демократијата…

Целиот текст може да го прочитате овде…

Оставете коментар