Ќе се “чешла” работењето на центарот за социјални работи во Кавадарци!!!

Почната е истрага за финансиски злоупотреби во центрите за социјални работи

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, информира дека е отворена истрага за финансиски злоупотреби во центрите за социјални работи.

„Ние сме сведоци дека во изминатиот период врз грбот на најранливите категории граѓани се кршеа многу копја и затоа партијата што беше претходно на власт се обидуваше да ги злоупотреби. Но, тоа престанува и наша главна задача е да спречиме секаква злоупотреба на овие граѓани што се под наша заштита. Токму такви дојави имаше во МТСП и морам денеска да известам дека се најдоа и двојни досиеја и двојни исплати и финансиски злоупотреби во неколку центри за социјална работа во Република Македонија“, рече Царовска по посетата на Центарот за социјална работа во Кратово.

Министерката Царовска најави посети во сите центри во Република Македонија. Ќе се “чешла” и работењето на центарот за социјални работи и во општина Кавадарци, треба да се направи увид дали во годините наназад се работело транспарентно и дали имало злоупотреба на социјалните групи на граѓани од било каков карактер. Исто така и финансиското работење ќе биде ставено под лупа.

Известена е и Управата за финансиска полиција, која веќе е на терен и работи на случајот.