Tрибина – “За правото на граѓанинот да биде непослушен”

Гости на оваа трибина беа Ивор Мицковски – есеист и политички коментатор, Васко Лазаревски – граѓански активист, Никола Писарев – граѓански активист и Љупчо Златев – политиколог и научен истражувач. Трибината ја отвори уредникот на www.mojotgrad.com и граѓански активист Ненад Јовановиќ.

Говорниците и гостите дебатираа за тоа која е одговорноста на граѓанинот како поединец но и како хомогена целина во општеството, и дали тој има право да создава политики и да ја менува политичката култура во земјата. Ивор Мицковски ја отвори трибината и истакна дека сободата започнува од индивидуата и нејзиното размислување и потрага по слобода, конфронтирање со реалноста што воедно претставува и еден вид активизам и остварување на правото да се биде непослушен. 
За Никола Писарев пак непослушноста се манифестира преку креирање и барање на форми на притисок кон институциите со цел граѓаните да ги задоволат основните потреби но и да ги исправат недостатоците прво на локално а потоа и на државно ниво.
Нашиот сограѓанин пак – Љупчо Златев нагласи дека моменталната состојба која владее во Македонија е само процес низ кој мора да се помине за да се стигне до креирање на политичка култура, процес кој според него претставува само “детска кашлица”.

Последен од гостите зборуваше Васко Лазаревски кој нагласи дека граѓанинот нема право да биде непослушен туку има должност да го прави тоа. За него послушните граѓани не се граѓани туку поданици.

По излагањето на гостите отворена е и дебата на која учествуваа посетителите. Повеќе ќе видете од видеото

Во прилог е и галеријата фотографии од настанот.

 

 

 

 

 

Оставете коментар