Трибина Кавадарци: Центар за култура и културолошки студии

Почитувани,

Центарот за култура и културулошки студии(ЦККС) повеќе од осуммесеци го реализира проектот„Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“, поддржан од УСАИД. Проектот опфаќа истражување и анализа на поимот европски вредности во пет македонски печатени медиуми и има за целдобивање на јасна слика за начините на кои македонските медиуми зборуваат за европските вредности.

 

 

Со цел презентација на резултатите од истраживањето, ЦККС ве поканува на:

ТРИБИНА ВО КАВАДАРЦИ

што ќе се одрживо вторник, 10 јуни, 2014 година,

во 19,30 часот, во Уни Палас 1 (кај кружниот ток)

 

На трибинатаќе се обратат проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, претседателка на ЦККС,проф. д-р Мишел Павловски, потпретседател на ЦККС, м-р Наташа Илиевска-Таневски, стручен соработник од ЦККС и Дејан Георгиевски, стручен соработник од Центар за развој на медиуми.

 

 

 

Со почит,                                                                                                                            Скопје, 08.06.2014 година

 

Центар за култура и културолошки студии

 

Предлог-агенда за трибината:

 

1.       ПРВ дел Презентација PP– 10мин

Прв делШто/кои се европските вредности?

Како во истражувањетосе дефинирале/одредиле европските вредности?

Според кои обележја и атрибути и на кои документи, резулоции сме се повикале?

2.       Дебата околу ПРВИОТ ДЕЛ од презентацијата: 10мин

           Прашања на воведничарот:

·         Како ги разбираме европските вредности?

·         Дали и колку се согласуваат присутните со рамката за атрибути и обележја на европски вредности кои ја постави истражувањето?

·         Дали можат да се додадат други европски вредности? Кои?

3.       Втор дел Презентација РР  – 10 мин

Втор делРезултатите од истражувањето.

4.       Дебата околу ВТОРИОТ ДЕЛ од презентацијата: 10мин

           Прашања на воведничарот:

·          Каков коментар имате за истражувањето, односно резултатите?

·          Колку медиумите се согласуваат со заклучоците?

·          Дали и колку се информирани граѓаните што се и кои се европските вредности?

·          По кои декларации, резолуции се водат новинарите при обработка на ова прашање?

·         Кој е генералниот став на медиумите по европските вредности? Дали постои таков?

·         Колку граѓаните се задоволни со медиумите во однос на покривањето на ова прашање?

·         Дали самите новинари сметаат дека треба да се зголемат или намалат статиите по ова прашање?

·         Што чувствуваатграѓаните? Дали чувствуваат страв, загрозеност, фрустрираност од “наметнатите“европските вредности или пак во нив гледаат можност за демократизација на општеството, зголемување на нивните човекови права?

 

5.       Трет дел од Презентација PP – 10 мин

 

Трет дел Заклучоци од истражувањето

 

6.       Дебата околу ТРЕТИОТ ДЕЛ од презентацијата: 10мин

           Прашања на воведничарот:

·         Дали треба да се сменат уредувачките политики по ова прашање/од критички став да преминат во став за промоција на европските вредности?

·         Како да се обработува двојниот стандард во гледањето на европските вредности по однос на името и МК?

·         Колку медиумите/новинарите со своите политики им помагаат/одмагаат на граѓаните т.е. читачката публика во разбирањето на европските вредности?

·         Што мислат експертите по ова прашање (професори, истражувачи)?

·         Како некои атрибути (како сексуланата слобода) се разликуваат и третираат во медиумите/сфаќањето меѓу традиционалните македонски вредности и европските вредности?

·         Дали треба да се има заедничка стратегија (медиумска) во однос на третманот на европските вредности или тоа останува на уредувачката политика на медиумите?

·         Кои се митовите околу европските вредности?

·         Дали е потребно:  ново знаење за култураната меморија, за историјата како дискурс, за примена на новите концепти на идентитетот за да може да се гради иднината?

·         Колку сите релавантни поединци и институции и организации се согласуваат околу ова?

 

Инфо материјали:

 

·         Брошура

·         Флаер

·         Тефетер/ USAID

·         Пенкало/USAID 

 

Оставете коментар