Томас Џеферсон: Земјата им припаѓа на живите

На Џејмс Медисон
Париз, 6 септември 1789 година


Драг Господине – го запонувам ова писмо, не знаејќи кога ќе бидам во рпилика да го испратам. Го правам тоа затоа што на памет ми падна идеата која би сакал детално да ја разгледам, што при брзањето во вообичаената преписка не би било можно.


Ми се чини дека прашањето за тоа колку на една генерација луѓе може да им се дозволи да се задолжува во име на идните генерации уште не е прописно испитано ниту од една страна ниту од друга страна на океанот. Значи тој проблем и последиците кои од таму можат да произлезат наложува не само да се потрудиме да дојдеме до одговор, туки и тој одговор да го вметнеме меѓу основните начела на управување со секоја држава. До ова прашање ме доведоа размислувањата за темелните начела на општеството кои овде ме окупираат. Верувам дека можам да покажам дека таквото пренесување на обврските не е прифатливо. Поаѓам од ставот за кој мислам дека сам по себе е очигледен – дека “земјата припаѓа на живите” и дека мртвите на неа немаат никаква моќ и никакви права. Парче земја кое некој човек го завзема престанува да му припаѓа оној момент кога тој престанува да постои, после што земјата се враќа назад на општеството. Ако општеството не поставило правила за располагање со земјата во приватна сопственост, неговиот имот ќе остане на оние кои во тој момент се иматели. Тоа се обично вдовицата на покојниот и децата, или само еден од нив, или пак на некој трет наследник кој покојниот го одредил. Земјата може да припадне и на поверениците. Но во ниту еден од наведените случаи потомците, наследниците или поверениците земјата не ја стекнуваат врз основа на право на припадност, туку само на основа на законот на општеството во кое припаѓаат и на кој се покоруваат. Природното право не му допушта на човекот земјата која ја завзема или оврската на оние кои ќе ја наследат ги оптеретува со обврската на враќање на доглови кој сам ги направил. Ако би имал такво право, тогаш во текот на животот би можел да потроши се што земјата ќе произведе за неколку наредни генерации, па во тој случај земјата не би припаѓала на живите, туку на мртвите, што е во спротивност со нашето начело од кое тргнавме. Она што важи за секој член на општеството поединечно важи и за сите нив заедно, бидејќи правата на заедницата не се ништо повеќе од сума од правата на сите нејзини припадници. За да би покажал појасно како оваа идеа може да се примени на заедницата, ќе претпоставам дека цела една генерација луѓе е родена во ист ден, дека сите умреле ист ден и дека оставиле нова генерација која само што влегла во зрела возраст.


Да претпоставиме дека зрелата возраст започнува кога човек ќе наполни дваесет и една година и дека од тој момент му остануваат уште триесет и четири години живот, што е просечен животен век кој според таблицата на смртност на човекот од дваесет и една година може да го очекува. Ќе претпоставам дека потоа и сите наредни генерации би доаѓале и заминувале во ист ден, како да се еден човек. Во тој случај, по правило на природата, на секоја од тие генерации земјата би им припаѓала во целост во текот на нејзиниот живот. Првата генерација би ја оставила земјата на втората генерација во наследство, слободна од долгови и терети, втората на третата и така натаму. Ако првата генерација би била во можност земјата да ја оптерети со долгови, таа би припаѓала на мртвите, а не на живите. Затоа на ниедна генерација не може да и се дозволи да се задолжи повеќе отколку што до крајот на животот може да врати. На пример, кога ќе наполнат дваесет и една година, припадниците на сегашната генерација имаат право да се задолжат на период од триесет и четири години, на дваесет и две години да се задолжат на период од триесет и три години, на дваесет и три години на триесет и две, на педесет и четири години на само една година, бидејќи тоа е времето кое им останува на замјата во секое од овие животни периоди. Но овде морам да нагласам една важна разлика меѓу менувањето на поединците и менувањето на генерациите. Поединецот секогаш е дел од општеството и подреден е на законите на целината поголеми од него самиот. Законите може да налагаат земјата на покојникот треба да припадне на доверителите и на никој друг, или само на неговото потомство, откако ќе се подмират доверителите. Но кога заминува цела една генерација, т.е., општество, како во случајот кој го опишав, и на сцена доаѓа нова генерација и ново општество, пред нас е сосема нова заедница над која не постои повисок авторитет кој териториите кои и припаѓаат може да ги предаде на користење на некоја трета заедница, т.е. на оние кај кои татковците се задолжиле повеќе отколку што успеале да вратат.


Она што важи за една генерација луѓе кои истиот ден стекнале право да управуваат со своите животи и сите умрети истиот ден важи и за секој поединец во вообичаениот тек на гасење и обновување на животот, со една разлика. Цела генерација која доаѓа во еден ден и заминува во еден ден, како во првиот опишан случај, во првата година на самоуправа има право да се задолжи на период од триесет и три години, во десетата на дваесет и четири, во триесетата на четири, додека генерациите кои се менуваат на вообчаениот начин и чии припадници се раѓаат и умираат секојдневно и секој во свое време, секогаш имаат на располагање еден одреден и непроменлив период – време во кое можат да управуваат. Тој период почнува од првиот ден на важење на нивниот заеднички договор и истекува тогаш кога најголем дел од оние кои првиот ден од договорот биле во зрели години се најдат меѓу мртвите. Точното траење на тој период може да се пресмета со помош на таблицата на смртност, со извесни прилагодувања на климатските услови, вообичаените професии и другите карактеристики на секоја земја. Да ја земеме како пример табелата во која Де Буфон ги набројува податоците за 23.994 умрети, вклучувајќи ја и староста и моментот на смрт.


Да замислиме тогаш општество во кое секоја година се раѓаат точно 23.994 луѓе кои ќе поживеат онолку колку е наведено во овие табели. За такво општество може да се каже следното. Прво, во секој момент ќе има 617.703 луѓе во сите животни периоди. Второ, од сите припадници на општеството кои во било кој момент се меѓу живите, половина од нив ќе бидат мртви за точно дваесет и четири години и осум месеци. Трето, ова општество секоја година ќе стекнува нови 10.675 членови кои наполниле дваесет и една година. Четврто, во такво општество секогаш ќе има 348.417 луѓе постари од дваесет и една. Петто, половина од оние кои имаат повеќе од дваесет и една година ќе бидат мртви за осумнаесет години и осум месеци, или, да го заокружиме тоа на најблискиот цел број, за околу деветнаесет години. Тоа значи дека деветнаесет години е период преку кој претставниците на народот – па ни народот сам, таман кога сите би се собрале на едно место – не можат соодветно да се задолжат.


Да го илустрирам овој заклучок со пример, ќе замислам дека Луј XIV и Луј XV се задолжиле во име на францускиот народ за износ од 10.000 милиони ливри и дека цел тој долг во рацете на банкарите. Каматата на долгот би изнесувала 500 милиони, што е како што велат, еднакво на вкупниот приход или нето вредноста на територијата на цела Франција. Мораат ли луѓето од сегашната генерација да ја остават земјата на која природата ги поставила и да ја отстапат на банкарите? Не. Нивното право на земјата на која се родени не е ништо помало од правото на генерациите кои живееле пред нив. Тоа право не се наследува од предците, туку го добивата по природа. Нивната земја, како и тие само по природа се слободни од претходни долгувања. Да замислиме дека Луј XV и неговата генерација би им рекле на банкарите: Дајте ни пари да јадеме, пиеме и во веселба ги поминеме нашите денови, под само еден услов – да не барате камата додека не поминат деветнаесет години, а тогаш за цело време ќе добивате камата од 12,5%. Да замислиме дека парите се позајмени под такви услови и се поделени на живите кои ги изеле, испиле и потрошиле. Дали сегашната генерација е должна да се одречие од плодовите на својата земја и својот труд за да ги подмири долговите на нивното расипништво? Ни најмалку.


Верувам дека широко прифатеното мислење дека јавните долгови би можеле да се пренесуваат на генерацијата потекнува од таму што во приватниот живот е вообичаено од оној кој земјата ја наследува се бара да ги подмири долговите на својот предок или оставител. Но при тоа го занемаруваме фактот дека таквото барање основано само на општинските правила, а не на моралното право, бидејќи општеството заклучило дека му одговара да ја врати земјата која останала слободна по смрта на сопственикот, со услов да се платат заостанатите долгови; меѓутоа, во односите меѓу две општества, или меѓу две генерации, обврските поставени од општинските прописи, немаат значење, бидејќи нивните односи се уредуваат само по природно правило. Изгледа дека заборавивме дека според природното право една генерација е независна од другата генерација колку што е една слободна земја од другите земји.


Бидејќи каматата на постојниот државен долг на Франција изнесува двеилјадити дел од приходите од рента, отплатата на долгот не претставува преголем терет и само е прашање на чест и претпазливост на должникот. Но во поглед на идните задолжувања, зар не би било мудро и правично да со уставот кој сега се подготвува земјата да пропише да законодавците, па ниту сите жители заедно, не можат да се задолжат повеќе одколку што се способни да вратат во текот на својот живот, т.е. во рок од деветнаесет години? И дека сите идни договори ќе се сметаат за неважечки за оној дел од износот на долгот кој ќе остане неисплатен кога ќе истечат деветнаесет години? На тој начин заемодавците и заемопримателите би биле приморани на претпазливо постапување. Исто така, со затворањето на можноста за задолжување во неговите природни граници би се смириле духовите на војната кои се будат баш поради тоа што заемодавците го занемаруваат природното право кое вели дека генерациите кои доаѓаат немаат обврска да одговараат за оние кои биле пред нив.


Исто така може да се докаже дека ниту едно општество не може да има вечно важечки устав, па дури ни трајно важечки закони. Земјата секогаш припаѓа на живите и живите со неа можат да управуваат и да ги користат нејзните добра по своја волја, додека правото на користење им трае. Тие се исто така господари на своите животи, па и со нив може да управуваат по слободна волја. Збирот на предметите на нивно управување го сочинуваат луѓето и имотот. Затоа по природата на работите секој устав и закон би морале да престанат да важат тогаш кога ќе исчезнат оние со чија волја дошле на свет. Уставот и азаконите можат да траат само додека важењето не им помине, и ниту еден ден подолго. А секој устав и закон природно престануваат да важат кога ќе измине период од деветнаесет години. Доколку нивната примена се продолжи и преку тој рок, тоа ќе го сметаме за чин на сила, а не чин на правда. Некој ќе рече дека идните генерации имаат на располагање постапка за отповикување, што наводно им осигура еднаква слобода како и да се важењето на уставот и законите точно ограничени на деветнаесет години. Но таа забелешка само го потврдува правото на кое овде се повикувам, со тоа што предлагаат замена на наводно еднаквите вредности. Меѓутоа, вистинското придвижување на постапката за отповикување нема еднаква вредност како и изворното право.


Можеби тоа би било замена на еднакви вредности кога секој облик на управување би бил така совршено составен пто волјата на мнозинството секогаш се искажува правично и без никакви пречки. Но тоа не може да се каже ниту за еден познат облик на управување. Граѓаните не можат сите да се соберат на едно место и не се еднакви застапени, а застапниците им се порочни. Секој законодавен предлог мора да се избори со бројни востановени контроли. Интересните групи го превземаат приматот во државните совети. Вршителите на власта примаат мито и се подложни на расипување. Личните интереси ги наведуваат да скршнуваат од патот и да се оддалечуваат од интересите на оние кои би требало да ги застапуваат; а тука е и долгиот список на други препреки кои секој практчен човек би ги вброил при уверувањето дека правилото за ограничување на траењето на законите е посигурно решение од постапката за отповикување.


Начелото дека земјата не припаѓа на мртвите туку на живите може да има широка примена и долгорочно влијание во сите земји, а особено во Франција која треба да одговори на многу тешки рпашања. Треба ли државата да ги измени посебните правила за наследување на големите велепоседнички имоти? Може ли да се поврати земјата која во далечните времиња засекогап е предадена на користење на црквата, болниците, универзитетите, витешките редови и другите? Треба ли да се поништат правата на приходи и привилегии поврзани со земјата, вклучувајќи и долг список на црквени и феудални права? Истото начело завлегува и во прашањето на наследување на службените позиции, овластувањата и правните надлежности, наследните редови, титули и звања, засекогаш дадени монополи во трговијата, уметноста и науката, и уште многу. Со ова начело проблемот на евентуален надоместок се одредува како работа на добра волја и дарежливост на државата, а не како прашање на право. Во секој од споменатите случаи законодавците од минатите времиња имале право да ги средуваат работите и да доделуваат права за периодот во кој живеат, но не подолго од тоа. Денешните иматели на такви права, дури и ако нивните предци некогаш поштено ги платиле, се наоѓаат на положба на човек кој во добра вера купил нешто што продавачот немал право да го продаде.


Размислете за овие прашања, драг Господине, особено за правото на задолжување, и прегледајте ги користејќи особено јасна и убедлива логика на вашите мисловни моќи. Вашиот углед во управните тела на нашата земја ви дава прилика овој проблем да го изнесете пред јавноста и да отворите расправа за него. Во прв момент некој ќе рече дека се ова е само теориска шпекулација, но понатамошното испитување ќе покаже дека е во прашање солидно и вредно гледиште. Така би обезбедиле материјал за преамбула на нашиот прв закон за прибирање јавни приходи и во зачетокот би ја исклучиле можноста нашата нова власт да направи заразна и смртоносна грешка, така типична за овој дел на светот, која депсотите ги наоружува со средства кои по природа не им припаѓаат за да своите сограѓани ги оковат во ланци. Ние, за пример на другите, веќе применивме една делотворна мерка за намалување на војувањето, така што правото на објавување на војна го пренесовме од извршната на законодавната власт, од оние кои трошат на оние кои плаќаат. Би ми било драго ако слично ограничување би примениле на погоре споменатиот предмет. Нема земја која така безинтересно би се заземала за укинување на правата на долгорочно задолжување како што ние тоа може да го направиме, бидејќи не должиме ни шилинг повеќе отколку што со леснотија можеме да вратиме во текот на нашиот живот – и главниата и каматата. Исто начело треба да се примени и во новиот закон кој се однесува на заштита на авторските права и новите изуми, така што ќе осигураме исклучиво право на користење од деветнаесет наместо четиринаесет години […] што е причина повеќе да го прифатиме разумот како водилка, наместо англиските примери кои не спречуваат со политичките ереси на земјата еднакво славна според грешките кои успешно ги исправила, како и по оние кои кон кои упорно се држи. Не Ви пишувам за најновите вести, бидејќи за тоа ќе ви напишам друго писмо, кога ќе се појави прилика.

 

 

извор: www.6yka.com

Превод: К. Попова

 

 

Leave a Reply