“Tesla” работи на батерии за целиот дом

„Наскоро ќе претставиме батерија за домашна батерија, која ќе биде за широка потрошувачка и која луѓето ќе можат да ја користат во своите домови или компании“ – изјави Маск.
Тој вели дека развојниот процес е завршен, и дека извршниот директор за технолошки прашања Џеј Би Стробел смета дека идејата е вистински одлична. Планот е во следните неколку месеци целиот проект да биде претставен пред јавноста.
Маск изјави и дека се многу возбудени, како и дека не сака да открива повеќе детали.
The Verge пишува дека полната батерија ќе може недела дена да испорачува доволно струја за едно домаќинство.
Милијардерот Маск зборуваше за оваа идеја претходно, објаснувајќи дека развиваат нешто што се става дома, а не во автомобилите.
„Се обидуваме да направиме нешто што би било вистински кул батерија. Би изгледале како батериите за Model S, би биле долги и рамни, дебели околу 5 инчи и би можеле да се закачуваат на ѕид. Веројатно ќе имаат убава надворешност, интегриран инвертор и би работеле на принципот, plug and play“ – објасни Маск.

Оставете коментар