Tесла автомобилите со авто-пилот во 2015

Некогаш оптимистички се предвидувало дека индивидуалниот сообраќај во иднина ќе се одвива со автоматизирани летечки автомобили. Од ваквите научно – фантастични визии задржан е концептот за возење со авто – пилот, но по земја.

Автомобилите брзо ќе станат ако не целосно, тогаш барем делимично роботизирани, а основачот и извршен директор на Tesla Motors смета дека неговата компанија треба да ја предводи оваа сообраќајна револуција. “Самоуправувачките автомобили дефинитивно ќе станат реалност на патиштата” изјавил Маск во интервју за CNN. “Тесла автомобилите најверојатно во 2015 година ќе бидат во состојба 90% од возењето по автопатиштата да го прават со помош на авто – пилот.”

Пргонозата на Маск не се однесува на возење низ град, каде поради непредвидливите параметри и сложеноста на сообраќајот сеупте е тешко да се направи функционално самоуправувачко возило.

Како и другите производители кои работат на самоуправувачките системи, и Тесла ќе користи сензори, радари, ултразвучни уреди и камери кои се во состојба да ги препознаат објектите во околината на автомобилот, додека исто така и најавено и порано дека компанијата самостојно ќе развие и соодветен шофер за авто – пилотите.

“Очекуваме дека ќе станеме лидери производители на автомобили од Силиконската долина, но не треба да се заборави ниту Google, кој можеби сеуште не изработува автомобили, но веќе со години развива и тестира системи за самоуправување на возилата, а неодамна најави и сопствен роботизиран автомобил.”
 

 

Оставете коментар