Теологија на спортот

 Овој пат таа еуфорија ја предизвика неочекуваниот успех на кошаркарската репрезентација на Србија на Мундобаскетот во Шпанија. Во тие денови се запре – освен промоцијата на интерконтиненталните успеси на премиерот и уличното насилство – спртските рубрики во весниците стануваа се поекстензивни. Дошло до голем крик на спортските коментатори, надрианалитичарите, слободните толкувачи на кошаркарските акции, додека посебно се истакнаа оние кои влегоа во анализа на самиот феномен ‘успех’. Интересно е да го наслушувате општеството ‘восхитено’ од победата “над остатокот од светот”, и станувањето на “светски шампиони”, преку ноќ. Ние, всушност, уште не сме се освестиле од фактот дека сме “прв рекет во светот”, а еве веќе станавме и “кошаркарска велесила”. Па како успеавме во тоа и кога, бидејќи цело време всушност одевме до најблискиот маркет и купувавме пиво и телевизори со што поголеми екрани, многу често на кредит, за да достигнеме највисок степен на интегрираност во колективот. Со оглед дека не можев да си ги затнам ушите, го искористив тоа вриштење по соседните станови и во весниците, за да го разберам процесот на трансформација на децениската исцрпувачка работа на младите спортисти во национална идеологија која вреди пет пари, која како неизбежен софтвер на граѓаните им ги претставува сите димензии на нашиот ‘успех’ и ги диригира ‘факторите на среќа’.

Моцарт(е)ологија

Излезе дека првата и најбитна работа за општеството какво што е ова во кое живееме е верата. Според коментарите, кои го следеа “победничкиот од” на нашите кошаркари на Мундобаскетот, постои нешто над нас самите, особено кога е во прашање спортската прогноза. Така тие кои ‘типуваа’ на успех на Србија на светското првенство во кошарка одеднаш станаа најгласни бидејќи нивната верба, конечно се исплатила. Верувале кога никој не можел да поверува и сега како рани христијани сметаат за потребно да ни објаснат за што станува збор. Удделот на среќата во сето тоа е неприкосновен, а се знае дека среќата ги следи храбрите. Ним им се посреќило тоа што во српската екипа препознаваат сигнали од својата вера. Еден од тие сигнали е името на играчот Милош Теодосиќ. Од неговото презиме, кое во склад со фамилијаризацијата (најдобар пример за тоа е “Ноле”) обично се скратува и се изговара “Тео”, изведена е цела теологија за доаѓањето до финалето во Мадрид. Понатаму туку доаѓа и контактот со вишите сили за што сведочат како “Теовите асистенции”, така и мистичното искуство на соединување на Теодосиќ со Александар Ѓорѓевиќ од периодот јуни/јули 1995 година. Едно е сигурно, “нема тука никакво рационално објаснување”, се работи едноставно за ‘теологија’, велат коментаторите, мобилизирајќи маси да се приклучат на општиот религиозен транс. За да верничкиот впечаток биде комплетен, обложувалницата MOZZART, како ангелски посредник, одлучила да ги награди сите оние “кои имале верба во Теодосиќ, Бјелица, Радуљица и останатите, и типувале во текот на август дека титулата светски првак ќе заврши ви нивни раце”.

Чудо

Следниот степен на народната теологија на спортот спаѓа во доменот на религиозна пракса со која непосредно се докажува постоењето на кохезиона мистична сила која посредува помеѓу спортистите и нацијата. Станува збор за феноменот кој се нарекува чудо. Ова секако, нема врска со глаголот “да се чудиш”, туку со него се самопотврдува. Чудото е всушност вонсериски доказ со кој се потврдува, продлабочува или раѓа вера. Овој пат се работи секако за верско спортски ритуал чија чудесност во медиумите растела од ден на ден како Мундобаскетот се приближуваше кон крајот. “Чудата се случувале во минатото. Нема причини да не веруваме дека не можат и во иднина, изјави селекторот на српската репрезентација Александар Ѓорѓевиќ пред големиот дуел со репрезентацијата на САД. Ова беше доволно домашните медиуми да тргнат во офанзива за промоција на чудотворецот. Многу често, самите спортисти, совршено вклопени во ваквата перцептивна мрежа, самите се обидуваат да ‘испровоцираат’ чудо, крстејќи се и молејќи се. Некои други тоа се обидуваат да го направат со пренагласена херојска иконографија на сопствена кожа, како на пример кошаркарот Мирослав Радуљица, на кој ниту една од овие техники, покрај кошаркарската, секако, во игра не му беше непозната.

Национална гордост

Кровот на цела ова конструкција го претставува она што капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Ненад Крстиќ, им го рече на американските новинари, обидувајќи се да ја артикулира теологијата на успехот на еден аутсајдерски тим на патот до финалето. Тој при таа прилика го рече следното: “Ја имаме таа национална гордост во нас” Лесно е тоа да се рече сега кога сме во финалето, но таа секогаш беше во нас. Дури и минатата година кога изгубивме во четврт финалето на Евробаскето. Се вративме и игравме со верба во себе. Погонското гориво, значи, не бил ни тренингот, ни кошаркарските примери (надвор од националните спортски канони), ниту спортското самодисциплинирање, па дури ни личната амбиција. Таа е како израз на некоја индивидуалност видлива само кај селекторот Ѓорѓевиќ, за што пак не сведочи тој туку неговиот татко (и тренер) – Братислав Ѓорѓевиќ. Во цела оваа еуфорија, како што ми се чини, единствено тој не посегна кон религиозниот дискурс, туку успехот на кошаркарската репрезентација се обиде рационално да го анализира и да понуди релевантни одговори. Во таа прилика, ја истакна спортската енергија и знаењето како пресудни фактори за успех. Исто така, воспоставил и хиерархија на односите, почнувајќи од играта, преку стручноста, медиумите, финансиерите, се до последната критика, т.е. функционерите, каде детектирал извор на негативна енергија и нестабилност. Како на кошарката така и на општеството. Неговата анализа немаше голем оддек ниту коментари во јавноста, бидејќи сето внимание сега е насочено кој балконот на Собранието во градот, каде се одигра главниот ритуал на славење на националната гордост, како празна конструкција прикриена со знаме. Познато е дека после тоа се оди кај функционерите и политичарите во поход. Со тоа нивниот успех е поголем.

 

 

 

Извор: pescanik.net

Превод: Попова

Оставете коментар