Судот во Египет ги ослободи новинарите на Ал Џезеира

Фахми, кој е канадски државјанин беше ослободен со кауција од над 32 илјади долари, а египетскиот државјанин Мухамед денеска беше ослободен без кауција, на почетокот на нивното судење за обвиненија за ширење лажни вести и помагање на терористичка група.
Судот соопшти дека следното сослушување ќе биде на 23 февруари. Судската наредба доаѓа две недели откако беше депортиран нивниот австралиски колега, Питер Граст кој беше осободен според новата одредба која му дава моќ на египетскиот претседател да ги депортира странците.

Оставете коментар