Street Basket екипата на “Инел” го освои и третиот турнир ова лето

Street Basket турнир с.Владевци, дружење, натпреварување и паричен награден фонд за учесниците

Street Basket тимот на “Инел” од Кавадарци продолжува со освојување на кошаркарските турнири од овој карактер кои се оддржуваат во регионот. Последниот од низата освоени е турнирот “Street Basket Богородица”, с.Владевци, општина Василево.

Во стандарден состав, Милан Николов, Марјан Јанкулов, Ристе Стојков, Блажо Митков и Филип Атанасов, кавадаречката екипа беше поуспешна во финалето од екипата на “Авто Центар – Ване” со резултат 21 наспроти 18. За најдобар играч на турнирот е прогласен Блажо Митков од екипата на “Инел” од Кавадарци.

Street Basket

Street Basket

Во борбата за трето место поуспешна беше екипата на “Книжарница 5+” која за бронзениот медал ја надигра екипата на “Нипром”.

На овогодинешниот Street Basket турнир во Владевци, покрај дружењето и натпреварувачкиот спортски дух не може а да не се спомене и паричниот награден фонд кој беше поделен на првите четири екипи.

Street Basket

Street Basket

Street Basket