Страв до коски, основните училишта од Кавадарци не го поддржуваат штрајкот на СОНК

Во основните општински училишта во Кавадарци „Тоде Хаџи Тефов”, „Гоце Делчев”, „Страшо Пинџур” и „Тошо Велков Пепето”, нема да се штрајкува, информира на заедничка прес-конференција претседателите и заменици претседатели на синдикалните организации, пренесува А1ОН.

Според претседателката на синдикалната организација од основното општинско училиште „Гоце Делчев” Ратка Кулева, „вработените синдикалисти по одржаниот состанок на синдикалната организација во училиштето едногласно се изјасниле дека не го подржуваат штрајкот“.

– Ги поддржуваме барањата на СОНК но сме за тоа со компромис и преговори да се разгледуваат овие барања на маса со Министерството за образование, рече Кулева.

Оставете коментар