(ВИДЕО) Стојанче Лазов тепал сограѓанин терајќи го да пее песни???

Стојанче Лазов сепак не бил китка за мирисање

Кандидатот за градоначалник на општина Росоман од редовите на СДСМ, Бранко Јанев, на прес конференција реагираше на обвинувања од неговиот против кандидат Стојанче Лазов за закани и притисоци.

Воедно Јанев на своите сограѓани им порача да внимаваат на кого го даваат својот скапоцен глас. Тој изјави дека неговиот противкандидат за градоначалник пред очите на јавноста брутално го тепал и навредувал својот сограѓанин Ж.С и го терал да пее таканаречени “патриотски” песни само затоа што лицето Ж.С било од друга националност.

Јанев во првиот круг од локалните избори во општина Росоман освои 1338 гласови наспроти 1241 на Стојанче Лазов.