Стојанче Лазов, човек на Груевски, “врзувал” лица со хендикеп од Росоман???

OK ДПМНЕ од Росоман гo бојкотира Груевски, Лазов панично прибира гласови со заплашување

Паниката која надвиси на терористичкото и криминално здружение на Груевски како резултат на катастрофалниот пораз во првиот изборен круг се рефлектира врз општинските комитети на оваа партија со брзина на светлината.

Оваа хистерија на раководството во заминување не ја заобиколи и филијалата на ДПМНЕ во општина Росоман. Имено, извори наши од таму велат дека градоначалникот во заминување, Стојанче Лазов, испаничен од поразот што го очекува во вториот круг од локалните избори, вршел притисок на секој можен начин кон одредена група на жители од оваа општина.

Истиот тој, Стојанче Лазов, подржувач на Никола Груевски и криминалното негово здружување, се обидувал да ги заплашува жителите од Росоман, подмолно ги “врзувал” лицата со хендикеп како и жителите од социјално ранливите категории со помош на лица кои биле вработени во центарот за социјални грижи. Овој случај е пријавен до министерството за социјални работи, каде министерката Мила Царовска започна да ги чешла општините и нивните вработени дали се злоупотребувани средства и вработени од овој сектор. И Росоман како и Кавадарци е ставен на таа листа. Сите оние кои ја злоупотребиле својата должност, дебело ќе си одговараат.

Сопругата на Лазов пак, работи во основниот суд во Кавадарци како дактилограф на судијката Лидија Р., позиција која може да влијае како дополнително агитирање на одредени лица да направат невидена грешка, својот глас да го дадат за Лазов, односно Груевски.

Во меѓувреме, пајташот Груевски беше во Росоман, навидум да му помогне на Лазов во прибирањето на гласови за втор круг. Присутни на овој собир биле едвај дваесетина луѓе од кои повеќето била фамилијата на Стојанче. Членовите на ДПМНЕ го бојкотираат Лазов во Росоман, затоа што сеуште стои позади криминалните политики на Груевски од кого скоро цело членство дигна раце и бараат негова смена како и да одговара за злоделата кои ги направи на Република Македонија изминатите 11 години.