Што не им било дозволено на жените изминативе 100 години

Оваа колумна поттикнала една новинарка од „Huffington Post“ да истражи што сè им било забрането на жените пред 100 години во САД. Некои од случаите содржат примери и од нашето поднебје.

1. Да гласаат. Во САД, жените добиле право да гласаат со прифаќањето на 19-тиот амандман во 1920 година, додека државјанките на Југославија право на глас го добиле на 11 август 1945 година.
2. Да поседуваат кредитна картичка на свое име. Дури во 1974 година, со законска одредба била забранета дискриминација по основ на пол за поседување на кредитна картичка.
3. Легално да ја прекинат бременоста. Правото на абортус е едно од правата кое граѓанките на Југославија го добиле пред оние на САД. Во Југославија абортусот бил легализиран во 1952 година. Во САД, абортусот е законски дозволен после два судски процеси (Ро против Вејд и До против Болтон) во 1973 година.
4. Да купат пилули за контрацепција. Пилулите се појавиле во 1960 година, но нивната продажба била дозволена дури во 1965 година.
5. Да користат пилула „ден потоа“. Одобрена е од страна на агенцијата за храна и лекови дури во 1998 година, иако била пронајдена многу поодамна.
6. Да се запишат на факултет на универзитетите Харвард, Јеил, Принстон, Браун, Колумбија или Дартмаут. Многу ретко некој од најсилните факултети во САД дозволувал да студираат жени пред 1913 година.
7. Да се запишат на дипломски студии доколку се мажени. Во 1961 година, Универзитетот Харвард не ја примиле пријавата за упис на госпоѓицата Рикман со ова објаснување.
8. Да бидат астронаути. Иако, човекот првпат стапнал на Месечината во 1969 година, дури во 1979 година НАСА вклучила жена во својот избор на астронаути.
9. Да бидат судии во Врховниот суд. Во САД никогаш не постоел закон кој строго забранувал жените да станат судијки во Врховниот суд. Првиот претседател кој го овозможил ова бил Роналд Реган, со вклучување на Сандра О’Конор во изборот на судии на Врховниот суд во 1981 година.

 

 

Оставете коментар