Што не е во ред со демократијата?

Изминатите неколку месеци беа лоши за западната демократија. Во текот на летото откривме дека, додека демократските граѓани и нивните избрани политичари ги извршувале своите секојдневни работи, тајните служби рутински преслушувале се што тие работеле.

Беше доволно лошо да се претпостави дека во тоа биле вмешани и политичари. Повеќе не вознемири сознанието дека дури ни политичарите не знаеле што се случува.

Потоа, во септември, гледавме спектакл на западните лидери како пробуваат да покренат иницијатива за Сирија, за да во тоа ги спречи нивното законодавство, кое не им дозволи да направат ништо (британскиот парламент не изнесе одлучен став, како дете кое се лути). Принципиелните ставови на двете страни на расправата се изгубија во маглата на препукувањето. Додека Обама, Камерон и Холанѓаните бараа наоколу изводлива политика за Асадовиот хемиски арсенал, Путин доскокна во последн момент да ја спаси ситуацијата. Понижувањето кое го произведе написот во Њу Јорк Тајмс ја истакна предноста на зрелиот државник над демократската плашливост. 

И после работите станаа уште полоши. В о текот на 17 дена во октомври, владата на САД целосно престана да функционира, додека внатрешните превирања во Вашингтон ја донесоа земјата на работ на катастрофа. Сликата во која американските политичари играат опасна игра со глобалната економија, го остави остатокот од светот со поделени емоции, од очај до едвај приекриено задовослство. Путин се смешкаше. Кинезите негодуваа. 

Бирократите во Брисел воздивнаа под теретот на светските проблеми. Политичарите кои не мора да се грижат дали ќе бидат повторно избрани или кои се соочуваа со послушните парламенти го гледаа тоа со мешавина од сожалување и презир.
Замислете да пробате озбилно да се занимавате со политика под непопусливите услови на притисок на вечното демократско препукување, одвај да имате доволно време да дишете, а камоли јасно да размислувате. Зарем така се управува држава?
Оние кои живеат во западните демократии понекогаш доаѓаат во искушение да се запрашаат истото. Зависта спрема диктаторите вообичаено е карактеристика на демократските политичари.

Ние не сакаме всушност да живееме под диктаторски режим – и понатаму се ужаснуваме од помислата штотоа би вклучувало – но им завидуваме на диктаторите и на нивната способност да делуваат одлучно во криза. И покрај неговите манири, тешко е да се замисли дека Путин не знае што неговите шпиони работат. Можеме да се смееме на сите оние фотографии каде тој гол до половина лови диви животни. Сепак, очигледно се работи за политичар кој знае како да го докрајчи пленот. Дали нашите воопшто знаат што ловат?

Додека Обама беше заглавен во Вашингтон барајќи привремено решение за блокадата на работата на владата, кинеските лидери го користеа неговото одсуство од светската сцена да би ги промовирале прагматичните корисности од својот политички систем. Кинеските политичари се во предност бидејќи можат да рљзмислуваат долгорочно, ослободени од немилосрдните барања на изборниот круг. Истовремено, кинеските технократи можат да ги занемарат сите проверки и балансирања на демократските политики за да донесат брза одлука. Тие не мора да се грижат за убедувањето на парламентот или јавното мислење пред делувањето. Престанав да бројам колку пати западните академци ми рекоа колку е освежувачки да се работи со кинеските политичари кои можат да го одработат она што треба. Ако имате возбудлив план за еколошки одржлива урбана средина, или рекалибрација на сообраќајниот систем, или реформа на целата индустрија, понудете им го тоа на Кина, каде навистина можат да го одработат и испробаат пред да му помине рокот. Никој (или барем само неколку) од овие западни академици всушност не сака да го усвои кинескиот државен капитализам, кои го сметаат за репресивен и нелиберален систем. Тие без исклучок и понатаму се верни на демократијата. Тие едноставно не сакаат демократијата да е исто така одлучна.

Иронијата на завист према демократијата е она што оди против историските докази. Во текот на последните 100 години, демократиите покажале дека се подобри од диктаторските режими во решавањето на најозбилните кризи со кои секој политички систем мора да се соочи. Демократиите ги добиваат војните. Тие ги преживуваат економските катастрофи. Тие се прилагодуваат со цел да би се решиле економските проблеми. Баш затоа што тие се во можност да делуваат одлучно, а да не мораат прво да го убедуваат јавното мислење, диктаторите се тие кои на крај прават катастрофални грешки. Кога диктаторите ќе погрешат, тие можат цела држава да ја однесат во пропаст заедно со себе. Кога демократските лидери ќе погрешат, ние ги исфрламе пред да направат трајна штета.

Па сепак, тоа е мала утеха во време на криза. Причината поради која секогаш од ново подлегнуваме на зависта према диктаторите е таа што се потребни јаки нерви да се размислува долгорочно кога работите тргнат на лошо. Квалитетите кои и даваат предност на демократијата на долги стази – нестрпливоста и непомирливоста со неуспехот – се оние истите квалитети кои им го отежнуваат долгорочното размислување. Тие гледаат со завист на политичките системи кои можат да го искористат моментот. Демократиите се многу лоши во искористување на моментот.

Нивната техника на преживување е да се провлекуваат. Проклетството на демократијата е што сме осудени да го сакаме она што не можеме да го имаме. 

Личноста која прва ја забележала оваа длабока контрадикторна особина на демократскиот живот бил францускиот аристократ. Кога патувал в САД да ги проучува тамошните затвори во 1831 година, Аlexis de Tocqueville делел предрасуда према демократијата типична за 19-тиот век. Мислел дека станува збор за хаотичен и глуп систем на владеење. До моментот кога го завршил своето патување една година подоцна, го променил своето мислење. Заклучил дека американската демократија е многу подобра од она што изгледа. На површина, се се чинело хаотично: политичари кои се караат, арогантни новинари и лошо информиани весници (тој напишал „Работата на новинарот во Америка е, без припреми и вештина, принципите да ги остави на страна за да нападне некој”), деконцентрирани граѓани. Никој не можел да превземе контрола. Имало премногу галама, недоволно сигнали. Но со текот на времето овој вишок на галама произвел прилагодлива политики кои никогап не мирувале доволно долго за да заглават. Грубоста на американската политика била знак за нејзиното есенцијално здравје. Американците постојано западнувале во дупки и потоа излегувале од нив. Повеќе грешки се прави во демократијата, напишал тој, но повеќе грешки и се исправуваат. Повеќе оган палат Американците. Но тие и повеќе гасат.

Генијалноста на овој француски аристократ била во тоа што ги забележал психолошките ефекти на животот во таквиот систем. Тие можат да бидат двојни. Повеќете луѓе веднаш би ги иритирала постојаната неможност на демократските политики да се концентрираат. Tocqueville демократијата ја нарекол „ненавремен” облик на владеење бидејќи никогаш не успеала да одговори во моментот. Кога работите изгледаат навистина лошо, демократските политичари често може да ги затекнете како се караат околу небитни работи. Но кога ќе помине кризата, ќе се заклучи дека тие истите политичари нашле начин да се извлечат. Сето тоа е многу недостоинствено. Како резултат на тоа, Tocqueville се сомневал дека демократските граѓани секогаш ќе бидат слаби на кралеви и тирани, кои барем знаат како да направат претстава. Демократиите сонуваат дека ќе ги спаси политичар кој има цврста рака. Кога таков политичар нема да се појави, нивната фрустрација ќе се прелие. Лутината е гадењето никогаш не се далеку од површината на демократскиот живот. 

Меѓутоа, другата веројатна психолошка последица на демократската ненавремност е залажувањето. Ако е вистина дека демократијата не е така лоша како што изгледа, тогаш е интересно да се замисли дека ни една криза не е така озбилна како што излгеда. Работите на крај добро ќе се завршат, се додека не реагираме нагло. Tocqueville забележал дека американската демократија се заснова на верата: луѓето морале да веруваат дека таков хаотичен систем на крај ќе се исплати. Опасноста била во тоа дека нивната верба во демократијата не ги заслепи за глупите грешки кои нивните политичари ги прават. Некои кризи, дури и за Американците, навистина се лоши како и што изгледаат.

Tocqueville – овата анализа е најдобар водич за разбирање на модерната демократија низ нејзината историја, се до песледните неколку недели. Демократскиот ментален склоп е очајување и слепа верба, се во исто време. Погледајте го само однесувањето на сегашната генерација на американски политичари десперадоси. Со сигурност би сте ја затвориле владата ако мислите дека системот толку лошо работи што е невозможно да се поправи. Очајните времиња бараат очајни мерки. Од друга страна, исто така е вистина дека би сте ја затвориле владата ако мислите дека системот работи доволно добро за да преживее што и да се случи. Ништо никогап не било толку лошо како што изгледа.

Републиканците се откажаа од американската демократија во исто време кога имаа неограничена власт во истата. Тие не сакаат да ја отфрлат, сигурно не поради конескиот државен капитализам (се освен тоа). Но не можат повеќе да трпат ни компромиси. Бесната нестрпливост и фатализмот на помирување се два порока на демократскиот живот. Исти политичари ги покажуваат симултано. Секогаш било така. Историјата на демократијата низ 20-тиот век е приказна за повторливи кризи во чиј тек политичарите и јавноста биле растргнати меѓу два импулса да претераат со реакцијата и да реагираат недоволно на опасноста, а никогап да не најдат рамнотежа меѓу нив.

Зависта према доемкратијата никогаш не е далеку од површината. Кога кризата која го одбележа векот избила во 1914 година, таа стана постојана граница. Кога стана јасно дека првата светска војна нема да заврши до Божиќ, почнала да расте тежина околу тоа дали демократиите имаат она што е потребно да ја победат германската воена машинерија. Во октомври 1915 година, Times на своите страници угостил анксиозна дебата за релативните корисности од демократијата и автократијата во услови на целосна војна. Заедничкото мислење било дека демократијата поставува погрешни приоритети. Како што рекол еден од учесниците на дебатата, германскиот владетел може да ги унапреди политичарите според нивните заслуги, додека „демократијата нема такво знаење: таа ги избира своите лидери затоа што се од добро семејство, бидејќи се вешти говорници бидејќи се добри другари.” Во октомври 1915 гофина, фокусот на војната бил на исток, каде германците постигнале воен успех против русите, додека британците во тоа време доживеале пораз на Дарданелите од рацете на турците. Политичарот одговорен за поразот на британците бил Winston Cherchill. Германскиот генерал кој го диктирал темпото бил Erich Ludendorff. Несреќата на демократијата е во тоа што им дава моќ на политичарите од лесна категорија како што е Cherchill. Силата на автократијата е во тоа што дава моќ на тешкашите како што е Ludendorff.

Kult Ludendorff кој во 1916 година со Hindenburg стана диктатор во Германија, растел во западните демократии во текот на целата војна. Луѓето од Англија, Фрација и САД не сакале со нив да владее Ludendorff. Тие само сакале нивните избрани политичари да бидат слични на него. Во 1917 година кога Америка влегла во војната, весникот Atlantic Monthly ја испратиле својата млада новинарска звезда H.L. Mencken во Германија да направи приказна за големиот човек. Mencen бил убеден дека Ludendorff претставува причина поради која Германија ќе победи: бил прагматичен, суров и одлучен.

Контрастот со американскиот претседател Woodrow Wilson не можел да биде поголем. Wilson бил само зборови а ни малку акција; неодлучен кој ветувал дека Америка ќе се држи надвор од војната, пред да го промени мислењето и ја однел земјата во војна. Ludendorff, кој ретко зборувал во јавноста, бил тивок разорувач. Демократијата изгледала премногу конфузно и хаотични за да се натпреварува со него. Меѓутоа, Mencen не бил во право. Ludendorff страдал од маната на сите диктатори: не бил доволно прилагодлив. Кога неговиот голем план да ја добие војната во 1918 година пропадна, немал резерва. Едноставно продолжил со него до крај, додека и тој и неговата војска не се распаднале. Wilson излегол оној кој е прилагодлив. Запданите демократии ја добиле војната поради тоа што, иако правеле повеќе грешки, исправиле повеќе грешки. Тие менувале закони, стратегии, генерали и политичари; сечкајќи и менувајќи додека не нашле нешто што функционира. Франција сменила три премиери во неколку месеци во текот на црните денови во 1917 година, пред да дојдат до Clemenceau, човекот кој ја спасил земјата. Во тоа време, француската политика изгледала како јалоша демократија: исцепкана и склона кон паника. Само во ретроспектива е јасно дека ова неспокојно незадоволство е она што преовладало. Западната демократија ја преживеала првата светска војна бидејќи била доволно хаотична за да не ја уништат нејзините сопствени маани. 

Па сепак, победата не била доволна да се стави точка на зависта спрема демократијата. Wilson, откако ги поразил автократите, сакал да биде еднаков со нив според одлучноста. 

Сега се натпреварувал со Lenin> да ја отстрани опасноста од болшевизмот, се надевал дека ќе направи безбеден свет за демократијата. Но демократијата не му го дозволила тоа. 

Немирното нетрпение кое на демократите им помогнало да победат во војната го уништило Wilson – овиот обид да изгради траен мир. Сакал луѓето да размислуваат долгорочно. 

Гласачите биле фокусирани на непосредните грижи: платите, работата, цените, осветата. Американскиот сенат го блокирал влегувањето на Америка во Лигата на народите. Британските и Француските гласачи се вратиле кон националите интереси, а нивните политичари кон ситните меѓусебни пресметки. 

Демократиите остваруваат победа во епските борби како што е првата светска војна бидејќи учат на своите грешки, но потоа се оддалечуваат од своите победи, поради што ги трошат залудно.

Овој образец се повторува во целиот нареден век. Во раните 1930 – ти на врвот на големата депресија, зависта према демократијата била раширена. Раширена била претпоставката дека западните демократии единствено ќе прежвеат ако учат од диктатор. Сталин, Мусолини и Хитлер изгледале како мажи од акција кои знаат да донесат тешки одлуки потребни за да се спречи катастрофа. (На Мусолини особено му се восхитувале во овој период поради неговата способност да направи возовите да стигнуваат на време). Избраните политичари изгледале како јадни пигмејци во споредба со нив; премногу исплашени од своите избирачи за да ги превземат работите во свои раце и премногу ограничени од страна на своите парламенти за да го променат курсот.

Но Frenklin Ruzvelt покажал дека оваа анализа е погрешна. Тој бил познат по својата променливост, никогаш сосема сигурен во она што го работи или во она што верува но спремен да проба голем дел од работите во случај тие да функционираат. Во текот на неговиот долг мандат биле редовни предвидувањата за предстојните катастрофи: или земјата ќе биде уништена или ќе се докаже дека тој сепак бил диктатор. Ниту едно не се случило: под неговото хаотично но способно водство земјата се искачила на врвот. На крајот сепак диктаторските режими се распаднале. Барак Обама и критиката со која се соочува тој има ист облик. Некои го оптужуваат дека е хронично неодлучен. Вистина е дека не е ни едно ни дурго. Тој е само демократски политичар кој дава се од себе да имрповизира излез. 

Во текот на ладната војна едвај да постоел момент кога коментаторите на запад не се грижеле дека ја губат војната затоа што русите се многу посурови од нас. Избраните политичари биле премногу зафатени со грижата да бидат повторно избрани за да најдат конкретна стратегија за ултимативна победа. Постојано ја пропуштале можноста. Овој страв траел и во текот на 1980-тите, дури и кога ладната војна на крајот била добиена. Во Регановата Бела Куќа, полна крвожедни ладновојувачи, книгата која сите ја читале (според пишувачот на говори Peggy Noonan) била “Како демократиите исчезнуваат”, која ја напишал мрачен, претенциозен француски интелектуалец по име Jean – Francois Revel.

Како и сите останати, Revel воочил дека советскиот систем е во голема неволја: комунизмот не функционира. Сепак тврдел дека ќе ја повлече западната демократија со себе во гроб бидејќи демократиите се премногу неодлучни за брутална политичка завршница. Кога Советскиот Сојуз ќе се распадне, запдот нема да знае како тоа да го искористи. Бескрајните препреки на демократските политики ќе се најдат на патот. Така што тврдоглавите тирани во Кремљ, кои немаат што да изгубат, ќе не научат на памет. Ако дојде до пресметка, демократијата нема да биде дорасната за таква ситуација. 

Но кога дошло до пресметка, демократијата не морала да биде дорасната за таква ситуација.

Крајот на ладната војна бил многу сличен со крајот на пвата светска војна: победата ги фатила победниците неспремни. 

Демократијата победила не само во инат на своите препреки туку баш поради нив. Додека Советскиот Сојуз си копал сам себе си дупка од која не можел да излезе во Афганистан, западните граѓани гледале телевизија и оделе во шопинг. Тогаш, една ноќ го запалиле својот телевизор и откриле дека Берлинскиот зид е срушен. Како и во 1918 година, постоело искушение оваа победа да се претвори во опширна приказна за моралот. Тоа мора да значи нешто монументално дека демократијата извојувала ваква убедлива победа. Повеќе, тоа морало да биде прилика демократијата да ја зацементира својата контрола над светот како исправен систем за сите. Но тоа не значело ништо монументално. По падот на зидот, западните граѓани само продолжиле да одат во шопинг.

Победата во ладната војна била потрошена еднакво како и победата во првата светска војна.

Ова дел било последица од демократското нетрпение. Некои политичари (Bush, Tony Blair) се умориле од чекање на долгорочените предности на демократијата сами да се покажат и пробале да го забрзаат процесот, со катастрофални последици. 

Војните водени по 2001 година во Афганистан и Ирак биле смислени да се борат против тероризмот и да ги рашират корисностите од демократијата. Успеале во ширење на тероризам и дискредитирање на демократијата. До 21-виот век, образецот станал доволно познат за да се земе здраво за готово: никогап ништо не е така лошо како што изгледа. Финансиската криза која започна во 2007-08 година била резултат на тоа растечко помирување. Додека облаците се собирале, политичарите, централните банки и општата јавност претпоставувале дека ситуацијата сама ќе се поправи. Продолживме да одиме во шопинг и да се звериме во своите лаптопи. Грабејќи во мракот скори да не паднавме од стената. Како да се иправува со државата помеѓу неоправдано помирување и нестрпливост која не помага туку напротив.

Ова е замка на доверба, и нема едноставен излез.

Да им зборувате на следбениците на Tea Party дека САД може да си дозволи Obamavare е еднакво јалово како и да им зборувате на архитектите на Obamacare дека следбениците на Tea Party се во право. Да му зборувате на UKIP дека британската демократија на крај ќе се прилагоди на прилвот имигранти е еднакво бескорисно како и да им зборувате на либералите кои читаат Guardian дека UKIP е донекаде во рпаво.

Во демократија можете секогаш да употребите краткорочно конфузија против долгорочна сила, како што можете да употебите и долгорочна сила против краткорочна конфузија.

Изливите на завист према диктаторот нема да престанат. Местото на фундаментална борба меѓу автократијата и демократијата може да се пресели на исток, додека Кина и Индија се борат за воениот плен на 21-виот век. Но обрљазецот веројатно ќе се повторува. Индиската демократија е хаотична и се стреми за одлучност. Конеската автократија се стреми за поголема прилагодливост. Долгорочно, системот кој е повеќе адаптибилен има поголеми шанси да победи.

Но само ако на патот не му се најде неговата краткорочна слабост. Во меѓувреме, западната демократија се соочува со својата верзија на замка на довербата. Во европа и Америка, економската криза предизвика поплава промени додека избраните политичари пробуваат да ја “држат водата” доволно долго додека не дојдат подобри денови.

Нашата политика е ниска и прагматична, со нашите лидери кои пробуваат само да се погрижат ништо да не се расипе што нема да може некогаш во иднина да се поправи.

Но додека тие ги водат овие познати демократски битки, постои опасност да ја игнорираат поголемата закана. Демократиите се прилагодиле да одговорат на еколошките предизвици ви минатото.

Меѓутоа, ризикот од климатски промени кои излегле од контрола е поинаков според обемот и можнните ефекти. Тоа е нешто со што ниту една демократија не може да се соочи со самодеверба. Сепак, за сега не правиме ништо по тоа прашање. Во долгорочното натпреварување меѓу демократското нетрпение и демократската летаргија, летаргијата би можела да се покаже како победник. Ако биде така, сеите ќе изгубиме.

Во меѓувреме, метежот на демократскиот живот создава сегашни услови за шпионите и националната безбедност да ја експлоатираат нашата деконцентрираност и да не шпионираат.

Додека ние продолжуваме да одиме во шопинг и да се звриме во лаптопите, тие имаат совршена можност да набљудуваат се што правиме. Реакцијата на неодамна обелоденетите нивни активности дава доволно докази и за демократската нестрпливост и за демократската летаргичност. Затоа што не сме обрнале внимание на нив, тие можеле да обрнат внимание на нас без наше знаење. Сега кога знаеме што правеле, многу демократски граѓани чувствуваат лутина и гадење. Многу нечистотија лета наоколу: нешто мора да се направи. Но еднаков е бројот на оние кои изразуваат индиферентност: зошто би не загрижувало тоа што не прислушуваат ако немаме што да криеме?

Кога Tesco и Google можат да прибираат информации за досадните детали на нашите животи, не е изненадување тајните служби да го прават истото. Слична мешавина од реакции доаѓа и од политичарите. Некои се бесни. Некои се посрамотени поради своето незнаење. Но голем дел од нив се релативно индиферентни, со аргументот дека шпионите се платени тоа да го прават. Тајноста е, тврдат тие, цена на демократската безбедност.

Образецот на демократскиот живот е да се исплови во неизбежна катастрофа и тогаш од неа да се исплива. Недомекратските пракси ни се прикрадуваат неочекувано, додека рутинската пракса на демократијата – слободната штампа, неколкуте непоткупливи политичари – не ги разоткрие. Кога тоа ќе се случи, демократиите не се организираат; тие едноставно прават минимално потребно пролагодување додека не испловат во следната катастрофа. Она што е тешко за секоја демократија е да врши постојан притисок потребен да се стават под контрола силите кои ја произвеле катастрофата. Многу полесна е да се чека кризата сама да покаже пред да пробаме нешто да направиме во врска со тоа.

Новата информативна технологија, е далеку од тоа дека го решава овој проблем, таа го прави уште полош. Се подеконцентрирани сме. Вишокот на информации кои течат прават практично невозможно да се обезбеди демократски договор за сеопфатни реформи на јавниот живот. Премногу галама, недоволно сигнали. Па ги стискаме палците во надеж дека некако ќе испливаме.

 

 

Извор: 6yka.com

Превод: К.Попова

 


 

 

Оставете коментар