Што ако светот немаше граници?

Голем дел од популацијата ќе се сложи дека луѓето по својата природа се стремат кон покажување на карактеристики на агресија, алчност, себичност и песимизам, додека други ќе речат дека ако се дадат соодветни услови, ситуации, соодветна диета која ќе го балансира мозокот и телото, можност да се влијае на вистинската природа на човекот, тогаш е можно оптество со отворен ум, можни се луѓе кои се грижат.
Но дали психологијата и науката можат да дадат свој увид? Долгогодишните истражувања закучиле дека постојат тенденции кои се наследуваат и кои ги има кај секој човек – без оглед на годините, расата, полот и сл., тоа од психолошки аспект не прави сите исти. Но што се однесува до емотивните и менталните тенденции, се чини дека влегуваат во игра повеќе фактори.
Во зависност од врската на детето со околината, тоа може да порасне со различни ориентации за светот, и ова може да го обликува неговиот поглед кон светот. Ова се чини е главниот фактор за тоа како индивидуата го перцепира светот – во позитивна или негативна смисла. Но тоа се менува во текот на животот, се додека индивидуата е спремна да учи на лекциите низ животот. Ова е дел од истражувачката фаза во која секој човековиот мозок и постоење може да се оформува.
Врските се уште еден фактор кој влијае врз оформувањето, и како нивното влијание врз способноста да чувствуваме игра огромна улога врз понатамошните акции во животот. Мозокот се оформува и менува преку визуализација, созревање, повторување, работа па дури и манипулација – и тоа единствената постојана работа поврзана со психологијата на нашиот вид. Менувањето е неизбежно и потполно можно, на било која возраст.
Ако човекот не е управуван од својата психа, тогаш кој ќе ја насели Утопија? Дали е можно таков начин на живот никогаш да не бил претставен, па затоа немал можност да го опфати најголемиот дел од човековото искуство?
Интересен случај кој ја претставува мистеријата за човековата интеракција, бил претсавен од фотографот Ричард Реналди во колекцијата на неговите последни дела. Фотографирајќи интимни фотографии од непознати луѓе кои само што се сретнале пред да се фотографираат во блиски, лични ситуации, неговата работа ги надмина линиите на уметност и премина во психологија.

Само допирајќи се еден со друг, кратко поврзувајќи се со личноста на другиот, и потоа позирајќи за некој ‘чуден’ фотограф, се формирала врска. Може ли сето ова да се објасни преку науката? Ослободувањето на оскитоцин или адреналин можеби ги изострил нивните чувства, но можноста од поврзување на спиритуално ниво исто така можно е да предизвикала чувство на пријателство и разбирање.
Се чини дека модерните парадигми, социјални стигнми и застарени верувања на најголем дел од популацијата се отсликуваат само во оние кои се воспитани на ист начин, и можноста да се живее надвор од онаа “конфортна” зона и во Утопија – ретко е возможно. Она што го дозволува мајнистрим општеството и она што е прикажано како оптимален начин на живот е реалноста во која најголем дел од светот знае да живее.
Но што ако е поинаку? Што ако секоја индивидуа е амбасадор на вакви промени, што ако сите се стремат да прифатат странец секој ден, дали со пријателска прегратка, нежна насмевка или само знак на поздравување?
Она што е вистинито е дека ако луѓето ги поставите во ситуација различна од “нормалната”, секојднавната, забележуваат дека се менуваат, најчесто на подобро. Вистината е дека без разлика на потеклото, изгледот, афинитетите, и професијата, сите луѓе на светот се дел од истиот вид и навистина немаат разлики освен ограничување во сфаќањата и разлики во размислувањето. Ако овие ограничувања може да се прифатат или надминат за само неколку секунди, што би можело да се случи?
 

 

 

{facebookpopup}

Оставете коментар