Срѓа Поповиќ: Форматот е карактер

Несреќата не е мајка на сите убави вештини, а непрекидниот страв од индината не ги погодува племенитите луѓе. Општетсвото се менува со евлуција, а за тоа ни е потребно да знаеме дека образованието е повеќе од влевање знаење. .. Адвокатот Срѓа Поповиќ зборува за Луѓето од голем формат.

 

Во текот на професионалната кариера сте се сретнале со најразлични типови луѓе и вашето искуство во таа смисла е разновидно. Дали и како ги препознавате добрите и големи луѓе?

– Добри луѓе секогаш има. Прашањето е за оние од формат, но добри има. Тие низ историјата некогаш се признати и наградени, а најчесто се казнети бидејќи средината не сака сведоци за своето понижување, своите компромиси и своите предавства. На некој кој има автономен морал се гледа како на некоја чудовишна појава. За ова размислував многу во текот на годините, секогаш сметајќи дека е илузија дека луѓето се се полоши. Се плашам дека во текот на сите овие години, запознавајчи многу генерации, од оние родените во 19-тиот век, дека постои некој црв кој ги нагризува и некои од основните човекови особини. За луѓето од голем формат не ги сметам оние кои оствариле особени професионални успеси, нити хероите. Тоа се обични луѓе, на пример некој молер кој држи до квалитетот на својата работа, до дадено да речеме самопочитување. Тие малку зборуват, а се грижат и ја работат својата работа до совршенство и секогаш се осврнуваат кон својата работа. Луѓето денес си поставуваат себе си мали барања, а огромни кон другите. Да речеме, политичарите се објаснуават себе си многу, до невкусност. Тоа е деформација на пошироко општествено ниво каде се грижиме само за сопствените потреби без свест и обзир спрема другите.

 

На почетокот направивме разлика меѓу големиот и добриот човек…?

– Прашањето за големиот формат е прашање на карактер. Добрината е тешко да се дефинира и во една смисла е да не се прави зло никому, да се биде добронамерен и да сакате да помогнете. Човек од формат не мисли за имиџот, туку за работата која ја работи, на која и се посветува со чувство на одговорност према самиот себе. Дел од тоа подразбира и добрина, великодушност наспроти ситничавост, способноста да се премине преку одредени навреди и неправди пствен спрема вас и способноста да се биде сопствен судија според законите кои сами сте ги усвоиле. Тоа е одговорноста спрема постапките во животот. Луѓето од генерацијата каква што беше онаа на татко ми повеќе нема. Тоа произлегува од општествените околности. На прво место би ја ставил нашата лоша историја, нашата несреќа. Несреќните луѓе ретко се добри. Илузија е дека некој кој страдал со самото тоа стекнува морални квалитети. Шопенхауер рекол: “Несреќата е мајка на вештината, но не е мајка на добрата вештина”. Научил човекот да се гледа само себе си, да се снајде, па и да прегази некој бидејќи смета дека нему никој нема да му се надји, па според тоа и он не е должен никому да помогне. Тоа е несреќно искуство. Другото е постојаното чувство дека водата ни стигна до нос. Секој обзир освен личната корист тогаш е луксуз. Грците имаат добра изрека: “Полната вреќа стои исправено”. Кога не сте егзистенцијално загрозени, вие можете себе и да си поставувате прашања, морални барања, естетички и интелектуални. Кога јавниот живот не е уреден, а не постои политички поредок како неутрална позадина на животот низ која се движите како низ сценографија, тогаш на сила доаѓа постојаниот страв од иднината и тоа не поттикнува никакви добри карактеристики.


На кој начин тоа може да се смени?

– Тоа е пат на долга еволуција. Општествата не се менуваат така лесно, мора д апостои внатрешна сила, да се менува одвнатре. Па што ако влеземе во ЕУ? За тоа сум, но не значи дека од тој момент ќе бидеме некои други луѓе. Со децении слушам како наизглед добрите идеи паѓаат во вода кога ќе се постави прашањето: а со што тоа ќе го направиш?
Нема дух, дисциплина за трајна обврска, своето време да го поклониш на општеството. Често овде се зборува за образованието, за факултетите… луѓето се спремаат за натпревар и за него се образуваат, а образованието не е само влевање знаење некому. Мојот професор по математика знаеше да не придобие, да го прекине часот и да зброува за многу работи … а ние беспрекорно го слушаме. Така се препознаваат луѓето од формат, според почитувањето кое спонатано им се укажува. Страв ми е дека не постојат професори кои ќе застанат и на своите ученици ќе им се обратат како на луѓе. Ние денес имаме деца кои ги тепаат професорите – и тоа зошто! Новите генерации мораат свесно да се обликуваат. Начинот на долгорочно мислење во сиромашните земји, со историското искуство кое го имаме, е скоро невозможен. Растат страшни генерации, а не гледам никого тоа да го загрижува. Дури и во комунизмот имаше повеќе обзир да се зборува за младината. Овде тој збор веќе не постои. Тие растат, а чувствуваат дека никому не се потребни. Желбата да заминат од тука е витална и посакувана реакција на околностите во кои растат. Иако, ниту тоа не е среќа бидејќи секој сака да просперира во своето општество, својата култура. Политичарите се удираат во гради: тоа е за нашите деца, а за децата никој не се грижи…


Обидот вниманието на јавноста да се сврти на обидите нешто да се промени, на луѓето кои одговорно ја работат својата работа, се завршува со приказната за лошите вести и луѓето кои се дел од нашата секојдневна медиумска понуда, а не знаеме зошто…?

– Овде започна борба на секој со секого. Што повеќе нули има позади вас, толку повеќе вредите. Сето е последица на непрекидните историски дисконтинуитети. Една епоха заврши и заклучуваме дека ништо не вредеше … “но ова што ние го работиме, па тоа е нешто фасцинантно…” Толку често се сменуваат што никој не е способен да се посвети на нешто долгорочно. Не постои рационална причина да се мисли на долги рокови. Ние никогаш не сме задоволни и веруваме дека треба да менуваме се од темел, а и луѓето ќе се менуваат автоматски, без никакви проблеми, како да се од пластика и може да ги менуваме по своја волја бескрајно. Се раѓаме со предиспозиции и гледаме да одиграме со картите кои ни се поделени најдобро што знаеме. Не сме во состојба да имаме сопствен морал и избор, бираме лукративни решенија во моментот. Невозможно е да бидеме индивидуи, туку трчаме што побрзо да припаѓаме, по можност, на владеачкото мислење, партијата …

 

 

Интервју превземено од danas.rs

Превод: К. Попова

 


 

Оставете коментар