Срамно: 21-ви век, а центарот на Кавадарци сеуште во кал до колена

Жителите на улицата “Горски Венец” од Кавадарци веќе цела година мака мачат со катастрофалната состојба на улицата во која живеат.Ситуацијата е драматична и за нивните автомобили кои трпат сериозни штети од големите отворени дупки.Граѓаните газат кал и вода, а надлежните се спремаат за новогодишните празници.

Ова накратко e билансот од моменталната состојба на улицата Горски Венец во централното градско подрачје во Кавадарци.Жителите на оваа улица испратија допис до редакцијата на Мојот Град и  притоа замолија местото да се фотографира и да се објави, со цел да допре до слухот и очите на надлежните, како би можеле да реагираат. 

 

Екипата на Мојот Град излезе на терен и ја увиди катастрофалната состојба на оваа улица во центарот на градот. Дел oд локалните жители сведочат дека никој досега не реагирал на нивните поплаки и жалби.Еден од револтираните жители на оваа улица која што се наoѓа во централното градско подрачје, a наспроти aвтобуската станица, вели:

„Веќе една година, па и повеќе, газиме вода до колена. Автомобилите постојано ни се извалкани со кал. Пешки не можеш никако да се движиш, буквално ти требаат повисоки гумени чизми. Целата состојба не е поднослива, како да не живееме во 21 век. Како да не живееме во централно градско подрачје, туку како да живееме во некое запуштено планинско село. Па денес дури и по селата се асфалтирани улиците. За што плаќаме даноци?“.

Дали овој проблем на овие жители на општина Кавадарци се планира да се реши или и понатаму ќе газат по каливата улица? Одговор а пред се реакција се чека од надлежните институции.

 

Оставете коментар