Обновено: Сопственикот на Комуникација.мк измамил повеќе лица

Како што потврдуваат од МВР, оспомничениот успеал да извлече околу 21 000 евра од пет лица со лажни ветувања за вработување и помош за добивање на социјални станови.

На девојка од Скопје и ветил дека ќе ја вработи во Министерсвото за информатичко општество каде наводно обавувал висока и одговорна позиција. За услугата скопјанката му платила неверојатни 5.000 евра. Откако тој исчезнал од нејзиниопт радар без воопшто да и направи било каква услуга, случајот го пријавила во полиција.

На друго лице му ветил вработување во МНР како втор човек во кадрово. За сопругата пак ветил дека ќе обезбеди работа во Народната Банка. На сопружниците за оваа голема услуга им наплатил 10.000 евра. За да биде поуверлив им покажувал различни легитимации од дипломатски карактер а прикажал и една плакета од НБРМ која наводно ја добил од гувернерот за посебни заслуги.

Според пријавата на полицијата, на штипјанец, Насев му ветил работа како негов личен шофер зашто тврдел дека тој е шеф на кабинет на министерот Миле Јанакиевски. За таа услуга однапред наплатил 1.500 евра.

На две лица им земал пари за да им помогне да добијат социјални станови. Од еден наплатил 5.000 а од друг 3.500 евра.

Инаку Насев веќе претходно фигурирал во крим-евиденцијата на МВР, а поднесени му се над дваесетина кривични пријави за посоченото кривично дело и за истите му се изрекувани и затворски казни.

Извор НОВАТВ

Оставете коментар