Сообраќајна незгода во Демир Капија, едно лице е загинато!

Увид на местото на настанот во Демир Капија извршила увидна екипа од ПС-Неготино

На 24.10.2017 година околу 06,15 часот било пријавено дека во Демир Капија на ул.„Партизанска“ се случила сообраќајна незгода.

М.Н. (47) од с.Чифлик–Демир Капија, управувајќи патничко возило „Опел Астра“ со кавадаречки регистерски таблици удрила во пешакот Б.Т.(73) од Велес кој починал на самото место.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош Неготино била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Неготино. Се работи на целосно расчистување на случајот.