Соња Бисерко: Како и зошто сум повикана да сведочам

Претседателката на Хелсиншкиот одбор за човекови права во Србија Соња Бисерко повторно овие денови е на потреницата на белградските таблоиди. Овој пат поради тоа што, како што тврдат доверливи извори на “службените гласници”, може да се појави како сведок на Хрватска пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг во тужбата на таа држава против Србија за геноцид.

 

Од каде воопшто на медиумите таква информација? Кој им ја доставил? На крај, дали Соња Бисерко наскоро навистина ќе сведочи во Хаг?


„ Точно е: Хрватска ме повика да бидам сведок во евентуалниот судски процес кој оваа земја би можела да го води против Србија за геноцид. И во тоа не гледам ништо спорно”, вели Соња Бисерко. „Она што по мое миселње е спорно е односот на државата према најголем дел од српските официјални лица пред било кој меѓународен суд. Сетете се, всушност, како поминуваа сведоците на Слободан Милошевиќ или Војислав Шешељ; или семејството на Милан Бабиќ кое беше изложено на константни притисоци. За жал, знаеме како тоа заврши.”


Како што знаеме и како што завршија сведоцицте во процесите против некои други; на пример Рамуш Харадинај.


С.Б.: Да, да секако … Ваков третман на сведоците не е карактеристичен само за Балканот, за бивша Југославија; слични случаи имате секаде во светот, особено во процесите кои се водат против мафијата или воените злосотрници. Во таа смисла, како претпазливост, имињата на сведоците се држат во тајност се додека процесот не започне.


Како вашето име дојде во јавноста, што мислите?


Бидејќи и двете страни во спорот – Србија и Хрватсак – доставиле листа на свои сведоци, верувам дека информацијата ја пуштил државниот врв. Имено, забележувајќи го моето име на списокот на сведоци, некој од српскиот правен тим веста ја проследил до врвот на државата. А тие на медиумите. Е сега, бидејќи состојбата во општеството е хаотична и со оглед на ситуацијата во политиката, во тајните служби, меѓу екстремистичките и радикалните групи – не може со сигурност да се тврди кој всушност во оваа земја владее, појавувањето на моето име во контекст на сведок од хрватска страна во тужбата за геноцид против Србија очигледно е пресметан потег со цел да се изложа на нови притисоци, шиканирања, да се заплашам …


Се плашите ли?


Иако не е прв пат против мене да се води кампања со цел да се заплашам, да ме избркаат од земјата и слично, морам да кажам дека не е пријатно. Со тоа што мојата согласност да сведочам во тој процес се третира како предавство. При тоа, луѓето забораваат каква беше војната; забораваат на тенковите кои од тука тргнуваа за Вуковар, цвеќето кое жителите на Белград го фрлаа врз нив; забораваат дека подоцна тој град беше срамнет со земја. Сето тоа се занемарува, намерно се става во втор план за да се докаже дека Србија не учествуваше во војната. Што, за жал, потврдуваат многу околности.


Мислите на поединечни пресуди на Трибуналот во Хаг?


Секако. За жал, факт е дека никој од Србија не е обвинет за војната во Хрватска и Босна и Херцеговина. Слободан Милошевиќ, како што знаете, пред крајот на судењето умре. И затоа оној кој на било кој начин денес пробува да ги потсети граѓаните на се што се случуваше дваесет години од минатиот век на просторот на бивша Југославија, тој е прогласен за “непријател на народот”, “предавник”. Иако, притоа, имате 400.000 воени ветерани кои – само за да се отфрли одговорноста на Србија за учеството во војните во деведесетите – во ова општество се непостоечка групација. Но, каде сите тие луѓе војувале?! На чија територија?!
На крај морам да нагласам дека постои извесна разлика меѓу начинот на кој против мене е водена хајката во времето на Слободан Милошевиќ, Војислав Шешељ и денес.


Каква разлика?


Разликата е во тоа што во Србија денес на власт се луѓе кои таа војна ја водеа, кои се одговорни за неа. Впрочем, претседателот на државата, Томислав Николиќ, беше на бојното поле; првиот потпретседател на Владата Александар Вучиќ како доброволец војувал околу Сараево; на шефот на нивната некогашна партија, Војислав Шешељ, му се суди во Хаг за воени злосторства … Според моето мислење, би било добро ако протагонистите на осториските случувања кои Србија ја доведоа до овде би објасниле зошто се смениле, поради што ги сменија своите политики. На тој начин би добиле и поголема подршка и разбирање од граѓаните. Вака, излегува дека, имаат причина за обидите за спречување на разговорите и сведочење на секој оној кој би ја потсетил јавноста на она што тие некогаш го правеле. Затоа, во однос на притисокот, оваа власт е многу поугнетувачка. Кон што, повторувам, во прилог оди длабоката поделеноста на српското општество, непостоењето на институциите.


Се сеќавате ли, кога се во прашање институциите, овде некогап да било подобро?


Во право сте: никогаш не било подобро. Сепак, имам впечаток дека вниманието на меѓународната заедница, со оглед дека Косово е одредено како приоритет, денес е помалку насочено на ситуацијата во Србија. Што на оваа власт, секако, и користи.


Што сакате да кажете?


Сакам да кажам дека со владеачката структура Западот очигледно постигнал некој вид на договор околу отстапувањето од поделба на Косово, а за возврат им ветиле дека едно време ќе им гледаат низ прсти кога станува збор за внатресрпските политички состојби, за развојот на институциите. Тој договор, за среќа, е привремен.


Како привремен?


Така што со добивање на датум за преговори со ЕУ се менува и политичкиот контекст во смисла дека Европа наскоро конечно ќе почне да ја контролира работата на српските институции.
Нема сомнение дека баш Демократската странка е најодговорна за тој совршен парадокс дека луѓето со такви биографии денес Србија ја водат кон ЕУ! Ако лидерите на Демократската партија беа позрели, да направеа воен биланс – кој, инаку, Србија кога тогап мора да го направи – работите би изгледале многу поинаку. Наместо тоа, по 5 октомври 2000 година Србија всушност ја продолжи војната со други средства. Кога го велам тоа, мислам на постојаното блокирање на процесот на консолидација на државите формирани на просторот на бивша Југославија; пред сите Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Косово. Сите овие земји се во некој вид проблематични односи со Србија.


И понатаму?


Секако. Додуша, владее некој вид на примирје – црна Гора е пример – но тоа не значи дека е запрен обидот на дежавуирање на процесот на придружување на тие држави кон ЕУ и НАТО. Во таа смисла, на дело се обидите на компромитирање на лидерите на тие земји, десстабилизација на нивните внатрешни политички сосотојби, различни типови на притисок и слично. Станува збор за широка стратегија на која Србија, за жал, и понатаму троши дел од својата енергија.
За сето тоа, како и за она што во изминатите две децении се случувало на просторот на бивша Југославија, Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија објави многу книги; собрани се материјали, филмови и озбилна документација која сведочи за тоа. Тие материјали Хелсиншкиот комитет широко ги дистрибуира –не само во земјата и регионот, туку и во светот. И тоа е уште една причина поради која оваа власт има пик на мене: изгледа веруваат во некакво големо влијание кое наводно го имаме во странство.

 

Го имате ли? Колку се читаат вашите извештаи?


Се читаат, со оглед дека станува збор за анализи кои се прецизни и точни и кои се изведени од голем број презентирани докази. Секако дека влијанието за кое оваа власт зборува и од кое очигледно стравува е неспоредливо помало од она кое Хелсиншкиот комитет и јас навистина го имаме; но тоа немарно се мистификува и во јавноста се интерпретира на тој начин.
Но, ако дозволите, уште еднаш да се вратам на улогата и влијанието на меѓународната заедница врз случувањата на западен Балкан: по мое мислење, проблемот е во тоа што Западот премногу често води политика додворување кон Србија. Тоа го прави од две причини: прво, затоа што Србија е најголема земја на Балканот и второ, поради тежнеењето како таква да се смири и на некој начин да се вовлече во дијалог со ЕУ. Што, со оглед дека веќе со децении поседува одлично разработени не само дипломатски туку и известувачки механизми, Србија многу вешто го искористи. За жал, таквиот однос на меѓународната заедница долгорочно на Србија само и штети.


Во која смисла?


Во смисла дека во тие задкулисни игри, трговии и спогодби, Србија во суштина се занемарува себе си, своите виситински проблеми.
Ако, на пример, го погледнеме Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија – институција која, инаку, многу ја почитувам и ценам – ќе видиме дека ни тој суд немаше механизми кои Србија но и останатите земји од бивша Југославија, би ги натерале внатре во сопствените општества да се позанимваат со донесените пресуди, изведените докази кои главно ги игнорираа; истовремено, судот е анатемисан и прогласуван за “анти” … додајте било која од земјите на бивша СФРЈ.
На крај, мислам дека е голема грешка и тоа што Западот овде всушност никогаш не донел некоја озбилна стратегија за развој на регионот; што, секако, не го направи ниту една земја од бивша СФРЈ поединечно. Наместо тоа, центарот на интересите на ЕУ беа човековите права, институциите, корупцијата која, инаку, не е можно да се искорени се додека за такво нешто немате соодветна економска подлога.
Владата на премиерот Ивица Дачиќ борбата против корупцијата ја означи како еден од своите клучни приоритети. Што со тоа?
По мое мислење, станува збор повеќе за медиумска кампања чија цел е Александар Вучиќ на јавноста да се претстави како човек кој, ризикувајќи се – дури и сопствениот живот – единствен сериозно се занимава со најбитниот проблем на ова општество. Секако, после година и половина, се се претвори во фарса, во константна предизборна кампања која Вучиќ и неговата партија би требало да ги постави на местото кое првиот потпретседател на Владата на Србија всушност многу го посакува: местото на нов неприкосновен лидер на српскиот наорд. Затоа цела приказна делува така лажно, трагикомично … На крај, имам впечаток дека граѓаните полека сфаќаат дека од наводната борба против корупцијата на Вучиќ, освен чиста кампања и вештачи обиди на воздигање на култот на личноста, всушност нема ништо.


Како нема ништо? Некои луѓе се уапсени, започнаа судења …


И? Каков е резултатот? Извините, дали до сега сме имале епилог на било кој од тие случаи? Не. Наместо тоа, корупцијата и понатаму цвета, што е најдобар доказ дека оваа власт во неа навлегла исто колку и претходната. Поради тоа, наместо ветуваните епилози, имаме нови ветувања, закривања, апсења на луѓе преку таблоиди – и тоа обично во петок; со еден збор, популистичко владеење чија цел е оправданото незадоволство на масата да се насочи кон точно одреден поединец или групација. Во конкретниот случај, кон Демократската партија која, за жал, и сама дава повод да се преиспитаат и проверат поедини потези на нејзините бахати функционери. Сепак, би било трагично да – каква е таква е – Демократската партија згасне, со оглед дека политичкиот живот не може да се одвива нормално ако на сцена имате таква доминација само на една партија.


Морам да ве прашам: како член на Политичкиот совет на Либералдемократската партија, како гледате на одлуката таа партија да влезе во Привременото собрание во Белград …


Но таа одлука во меѓувреме се смени! Што ме радува …


Менувањето е затоа што, како што вело Чедомир Јовановиќ, баш Демократската партија “ја затру атмосферата и се однесува неодговорно”. Инаку, најверојатно, би цветало … Значи, врз основа на се, дали станува збор за најава на блиска соработка на Либералнодемократската партија со Српската напредна партија?


Незнам да ви одговорам на тоа прашање. И сами гледате колку нашата политичка сцена е флуидна. Сојузите се создаваат буквало преку ноќ. Еве, Борис Тадиќ зборува едно, Драган Ѓилаш друго; можеби и демократите би можеле да завршат во некој сојуз со напредните, незнам …


На кој начин се занимавате?


Се обидувам да ја фатам суштината. И гледам, за жал, дека состојбата е многу лоша: владее терор над слободното мислење; скоро без никаков отпор се одвива процесот на ревизија на историјата и обидот за исправување на фактите, не само од неодамнешното минато, туки и целиот XX век. И сето тоа затоа што нашите политички елити се незрели, себични и прилично неспособни.
Кога станува збор за либералнодемократската партија иако не сум нејзин член, го подржував, и ќе го подржувам она што го застапуваат. Мислам дека сепак успеаа во ова општество нешто да кажат. Во крајна линија, тоа што сите овие години го заговараа Чедомир Јовановиќ и Либералнодемократската партија, денес, макар формално, е државна политика на Србија. Секако, сеуште не знаеме како ќе заврши.


Кога Хрватска ве повика да сведочите во процесот со кој таа држава ја обвинува Србија за геноцид …


Прво, станува збор за тужба за која се очекуваше на крај сепак да биде повлечена …


Има ли сеуште шанси такво нешто да се направи?


Мислам дека секогаш има шанси. По мое мислење, повлекувањето на тужбата би бил знак на созревање на политичарите и општеството, чекор кон воспоставување на сериозна регионална соработка. Бидејќи, вака се уште се гледаме преку нишан.
Инаку. Хрватска како услов за повлекување на тужбата на Србија и постави три барања: решавање на прашањето за исчезнатите лица, процесуирање на разните злосторства и дефинирање на границите на Дунав. Што српскиот државен врв не ги прифати. Сакам да кажам дека во тие преговори Србија константно отежнува.


Но, зарем премиерот Ивица Дачиќ неодамна не ја повика Хрватска сам на договор по прашањето за меѓусебната тужба за геноцид?


Да, но ви вела: Хрватска сеуште чека на одговор на поставените прашања, и ако се случи нешто, тужбата сигурно ќе биде повлечена. Затоа би било добро претседателот Николиќ, премиерот Дачиќ и неговиот заменик Вучиќ на јавноста конечно отворено да и кажат што е условот на хрватската страна. Со тоа што и Србија и Хрватска се свесни дека таквото судење ќе ги чини. Бидејќи, од една страна тоа лесно може да се претвори во некое мрцварење; од друга страна, може да биде корисно, бидејќи би се покажало што во почетокот на деведесетите се случило тука навистина.


За тоа, при неодамнешната посета на Белград, зборуваше и хрватскиот премиер Иво Јосиповиќ.


Но, многу работи веќе излегоа на виделина во текот на судењата во Хашкиот трибунал. Ќе ве потсетам, да речеме, Милан Бабиќ беше сведок кој во Хаг изнесе многу битни факти врз основа на кои лесно е да се дефинира карактерот на војната која таму се водела, начинот на кој таа се припремала, како се финансирала, како дошло до окупација на третина од територијата на Хрватска … Покрај тоа, кога во 2002 година беше упасен Слободан Милошевиќ, одговарајќи за финансиските малверзации, од белградскиот затвор порача дека сите текови на пари не можеле да бидат прикажани затоа што со тие пари Србија ги финансирала војните во Хрватска и Босна и Херцеговина.


Во која смисла овој процес би можел да и нанеси штета на Хрватска?


Најверојатно така што би го отворил прашањето на воените злосторства на хрватска страна над Србите, направени во текот на Домовинската војна.


Мислите на август 1995 година?


И на тоа. Меѓутоа, тука не станува збор за етничкото чистење …


Не?


Не. И тоа е најпроблематичниот дел … српската страна верува дека тоа што би се случило по воената акција Олуја – оние 600 старци – може да се квалификува како етничко чистење. Меѓутоа, станува збор за организиран егзодус во кој Белград одигра огромна улога.
Од друга страна, ако до тоа судење воопшто не дојде, тоа сепак би било шанса граѓаните на оваа земја јасно да им се каже дека во деведесетите Србија изврши агресија на Хрватска и Босна и Херцеговина; со тоа карактерот на војните водени на просторот на бивша Југославија еднаш засекогаш би бил дефиниран. А баш тоа е клучен факт кој отсуствува во тукашната перцепција.


Ако се знае како Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуди во процесот кој Босна и Херцеговина го водеше против Србија, каква е всушност целта на овие тужби? Има ли, по ваше мислење, основа она што се случило на територијата на Хрватска по било кој основ да се квалификува како – геноцид?


За тоа не би дала мислење, не сакам да коментирам. Но, кога станува збор за тужбата на Босна и херцеговина, немојте да заборавите дека во текот на судењето е утврдено дека – како што тоа ирнично го кажа Жарко Пуховски – во Босна, во Сребреница е всушност наптравен “општински геноцид”. Од друга страна, на Радован Караџиќ во Хаг денес во Хаг не му се суди само за Сребреница, туки и за други места во БиХ каде српските сили направиле геноцид.
Во својата пресуда Меународниот суд на правдата наведува дека за геноцид немало доволно докази. А ги немало поради тоа што, од една страна Србија уништила одредени документи кои можеле да послужат како доказ, и од друга страна, затоа што станува збор за односот кои поедини земји на ЕУ го имаат према геноцидот како таков. Сепак, во таа пресуда остана дека Србија не направила ништо за да го спречи геноцидот во Сребреница; што е страшно обвинение. Покрај тоа, од правосилните пресуди на Хашкиот трибунал кон поедините високи претставници на Република Српска, се гледа на кој начин Србија ја подржувала војната во Босна: како организирала камиони, давала оружје, пари, логистика … Геноцидот и не е можно да се организира без подршка на државата и државниот апарат.


Како, значи, воопшто дојде до тоа Хрватска да ви понуди статус на сведок во овој процес?


Такво нешто сигурно не барав сама .. Знаете, секоја од страните во процесот се обидува да најде сведоци; така дојдоа до мене. Најверојатно знаат дека хелсиншкиот комитет се занимавал со Хрватска; кај нас доаѓаа голем број српски избеглици од Хрватска на кои им помагавме; врз основа на нивните искази, добиените документи, следењата на судењата во Хаг, читањето, и најбитни, разбирањето на Југославија, хелсиншкиот комитет ги правеше своите извештаи.


Што значи разбирањето на Југославија?


Хелсиншкиот комитет и јас со разделувањето на Југославија не се занимаваме од вчера; тоа е тема која многу не интересира, која внимателно ја набљудуваме. Всушност, пред почетокот на оваа војна работев во Југословенскиот секретаријат за странски работи, и според природата на работата, имав одредени информации и податоци што се случува во Југославија. Во таа смисла, ве потсетувам дека на Хашката конференција 1991 година Југославија доби последна шанса да го сочува државниот оквир. Знаејќи дека на своја страна веќе ја доби ЈНА и дека ги дефинира сопствените цели, Србија тоа го одби. Главната причина за отфрлање на предлогот беше тоа што “Србите не се малцинство”. Иако сите малцинства, вклучувајќи го и албанското, веќе добија специјални статуси. Сакам да кажам дека проценката на српскиот државен врв очигледно беше дека може да добие се што замислил. Секако, таа проценка била погрешна и денес гледаме колку тоа не чинеше. Особено Србија и Хрватска кои беа заложници на политиката на Белград.
И, кога веќе зборувам за проблемот СФРЈ како сложена заедница, за војната; за направените злосторства, морам да кажам дека, по мое мислење, основното прашање е – како и на кој начин човекот се однесува према процесите чиј современик е.


Како вие се однесувате према тоа?


Така што се обидувам да дојдам до вистината. Без разлика колкава би била цената … и покрај разните интерпретации и манипулации, тука никогаш сигурно не станувало збор за тоа дали сум за една и против друга страна; не.


Туку?


Се занимавав сочовековите права и тоа како личност од било која припадност, етничка група – ниту на Србите ниту на Хрватите ниту на Бошњаците – не им значи многу. Просто, не постојам на тој начин; не чувствувам и не мислам така. И со тоа во склад живеам и работам. Значи, ги следам процесите, забележувам, анализирам … Моментално сум член на Меѓународната мисија која се занимава со следење на кршењата на човековите права во Северна Кореа. На чија страна сум, што мислите? Кои се “моите”? Против кој сум? …

Гледате и сами колку сите тие обвинувања се бесмислени.

 

 

 

Оставете коментар