“Сомнително лице” пред кавадаречката публика

Во сабота на 10 јануари 2014, со почеток од 20 часот, во Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе” Кавадарци премиерно ќе ја игра претставата “Сомнително лице”, по текст на Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Диме Коцевски.

Со оглед на тоа што Кавадарци нема професионален Театар, кавадаречките театарски аматери оваа сезона имаат трета премиера, овојпат по познатиот текст на Бранислав Нушиќ направија “кавадаречка” претстава, односно, текстот на познатиот комедиограф е прилагоден на кавадаречки дијалект.

Во претставата играат: Диме Боцев, Љупчо Настов, Коле Колев, Видан Станоев, Милица Гочевска, Диме Коцевски, Валентина Ѓирѓиева, Снежана Карова, Љупче Шошев, Дејан Атанасов, Драган Кабаранов и Костадин Прокопов.
Ликовната сценска интервенција е на Трајче Јованов, изборот на музика е на Марјан Тодоровски.

Поради големиот интерес во Кавадарци, претставата “Сомнително лице” ќе доживее и втора премиера, во понеделник, на 12 јануари 2014, со почеток од 19 ласот, исто во салата на Домот на културата во Кавадарци.

Оставете коментар