“Сомнително лице“ повторно на кавадаречката сцена

По успешното гостување во Неготино, а пред гостувања во повеќе градови низ Македонија, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ со претставата “Сомнително лице“ се враќа на матичната сцена во кавадаречкиот Дом на култура.
Претставата е на репертоарот, на Денот на шегата, 1-ви април 2015, во среда, со почеток од 19 часот.

Влезниците се во продажба на билетарата на Домот на културата, два часа пред почетокот на претставата (17 – 19 час.). Уживајте…

Оставете коментар