„8 Септември“: Социјално загрозените да не плаќаат струја и здравствени услуги

Иницијативата „8 Септември“ загрижена од се’ поголемата сиромаштија во која живеат граѓаните во Македонија достава предлог мерки до Владата, со кои бараме Владата да ги превземе сметките за струја на социјално загрозените семејства, бараме најсиромашните граѓани, значи примателите на социјална помош, да се ослободат од партиципацијата за здравствени услуги и лекови, бараме за децата од тие семејства да се обезбеди сместување за да можат полесно да се образуваат и полесен пристап до времени вработувања на децата од овие семејства, рече Џељо Хоџиќ од иницијативата 8 Септември.

Оставете коментар