(ФОТО) Изградба на автополигон во Кавадарци и реконструкција на кошаркарските терени при СЦ “Јасмин”

Дебатата се одржа на 17 декември (среда) од 19 часот и беше организирана од страна на здружението на граѓани “Проект-ЕУ” од Кавадарци. Примарна цел беше да се продискутира проблематиката околу недостапноста и делумната руинираност на кошаркарските терени при спортската сала “Јасмин” во Кавадарци, како и дислоцирање на автошколите кои на овој простор непрописно вршат обука на млади возачи. Клучен фактор пред се беше безбедноста на граѓаните кои рекреираат и спортуваат на овој простор. Решение кое би било еднакво добро како за терените и граѓаните така и за автошколите.

debata kosevi1

Проектот “Кошаркарските терени се за спорт и рекреација на граѓаните а не за узурпација од страна на автошколите” кој го реализира здружението “Проект-Еу” влегува во својата завршна фаза, и затоа беше многу битно што ќе се дискутира на оваа дебата и кои зклучоци ќе произлезат од истата. Примарната и поттикнувачка цел на здружението беше да се достави амандман до советот на општина Кавадарци кој ќе се разгледа и поддржи од советот на последната седница за оваа година. Беа предложени многу идеи и предлози од релевантни личности. Јавноста ги обврзува истите и очекува да се започне што побрзо процедура за решавање на проблемот.

На оваа дебата присуствуваа претставници од повеќе засегнати страни како што се дел од советниците од Советот на Општина Кавадарци, претставници на граѓански здруженија од Кавадарци, архитекти, граѓански активисти, актуелни кошаркари, граѓани од општина Кавадарци…

debata kosevi2

Дебатата ја започна и водеше Ненад Јовановиќ, член на здружението “Проект-ЕУ”, кој воедно и ја модерираше оваа дебата. Во делот на записникот му асистираше Камка Попова, исто така од “Проект-Еу”. Во делот на најавата, Јовановиќ испровоцира и поттикна неколку прашања и проблеми кои би требало да се решат околу оваа тема, тема која засега неколку стуктури на граѓани од општина Кавадарци.

Дискусијата ја отвори Сашко Петров, советник од редовите на СДСМ кој изјави дека како можно решение е да се изгради полигон за обука на возачи во зоната каде се наоѓа средното училиште “Киро Спанџов Брко” во Кавадарци. Петов на присутните им претстави нацрт план за конкретниот предлог кој вели дека е возможен доколку се има конзензус кај сите советници вклучувајќи го и градоначалникот.

debata kosevi3

Зоран Јованчев, советник во општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во целост ја подржува идејата која ја иницира здружението “Проект-Еу”, и истакна дека е строго против тоа да идните возачи од општина Кавадарци полагаат во Велес со оглед на тоа дека инфраструктурата во Кавадарци има далеку подобри услови и терени како и повеќе бројни возила. Јованчев ја нагласи подолгата формална процедура за изградба на полигон во Кавадарци. Според него, и двата актуелни проблеми (и со кошевите и со автошколите) треба да се решават чекор по чекор и да не се избрзува. Иницијативата ја подржува во целост и јавно и во совет на општина Кавадарци, доколку има потреба.

Советникот Горан Белевски предложи да наместо амандман (затоа што нема потреба од него) да се претставе само иницијатива во Советот на Кавадарци преку било кој советник затоа што е побрза постапката а и поедноставна. Белевски исто така потенцира да се проверат сите потпишани договори и донесени одлуки на релација спортска сала “Јасмин” – автошколи, можеби пред тие да станат советници имало некаков договор (со цел да се увиде дали е противзаконски).

Советникот Зоран Бањански се обрати до присутниот Трајче Грков (советник и архитект/планер на површини) со конкретно прашање: “Дали општината има право да гради полигон, дали законот тоа строго го забранува? Дали постои можност за предлог амандман за измена на законот? Дали полесно е општината да го изгради…”

debata kosevi4

Грков даде свое стручно мислење околу овој проблем и наведе дека може да се подели на два дела. Првиот проблем е дека сме соочени со наменета површина за паркирање и рекреација која е узурпирана, а другиот проблеми е што во општина Кавадарци нема лиценциран автополигон. Првиот проблем вели Грков ќе се реше сам по себе со решавање на вториот и затоа треба да се работи на тоа. Треба да се поднесе иницијтива за формирање на градежна парцела со една намена – полигон. Така формирана нема да може да се користи за ништо друго. Грков истотака ја предложи локацијата во индустриското училиште “Киро Спанџов Брко” или локација веднаш до него. Поднесената иницијатива вели Грков влегува во процедура (да влези во планот за 2015) и целата процедура трае околу една година. Потоа спремното замјиште да се даде на стопанисување (да го изгради) приватно лице или здружение на автошколите. Изградба (комплетна) на полигон би се движела од 100.000-180,000 евра (според оние досега изградени во МК кои сеуште немаат лиценца бидејќи исполнуваат само минимални услови).

debata kosevi5

Каја Касапинова од здружението на граѓани “Скала” од Кавадарци испрати предупредувачка нота до надлежните да се превземат конкретни безбедносни мерки кај просторот од кошевите при спортскиот центар “Јасмин” додека не се изгради полигон, затоа што возилата кои дефилираат таму веќе имаат удрено едно дете од околните згради. Касапинова исто така апелира да се затвори едниот од влезовите на кошаркаските терени за да не настара некој посериозно како и да се постават камери за видео надзор…

debata kosevi6

Дебатата беше крајно конструктивна и на “ниво”. Час и половина се дискутираше наизменично и се редеа идеи и предлози за решавање на овој горлив проблем. Штета што градоначалникот Александар Панов не беше присутен на оваа дебата. Можеби и тој ќе нафрлеше некоја идеја како би се решил овој проблем. Како и да е, надлежните си го кажаа своето. Се обврзаа пред јавноста да изнајдат трајно решение за сите засегнати страни. Здружението на граѓани “Проект-Еу” заедно со граѓаните на општина Кавадарци на некој начин го одработија своето. Проблемот го направија јавно видлив, ги испровоцираа надлежните да дебатираат за истото и да изнајдат трајно решение. На граѓаните сега останува да ги посматраат работите како се одвиваат со своето будно око и да бидат локалните “будилници” во случај да не “задреме” некој.

Оставете коментар