Снежна покривка од 20 сантиметри на висорамнината Витачево

Екипата на Македонија Пат интервенираше со расчистување на регионалниот пат Кавадарци – Мушов Гроб додека општинската служба го олеснува движењето на патот кон Рожден, Михајлово и Страгово.

Моментално механизацијата работи на потегот Михајлово а до вечерните часови се очекува целосно расчистување на патот и проодност на патиштата кои водат до трите села.

Фрлена е мала количина на сол а интервенцијата во главно се врши со ринење или чистење на коловозот.

Оставете коментар