“Smoke Shakers” во финалето на рок фестивалот “Елен Демофест”

Седумчлената жири комисија во втората полуфинална вечер од овогодинешниот рок-фестивал имаше далеку потешка задача да одлучи кои бендови ќе се пласираат во финалето во Бања Лука кое се одржува на тврдината Кастел.

Всушност, овој пат главното жиро се одлучи да шест бендови настапат во финалниот натпревар, за разлика од првота полуфинале кога беа селектирани само четири. Како што велат, конкуренцијата била толку добра и квалитетна што едноставно сите шест бендови заслужите да се промовираат во финалето. Бендови кои се пласираа во финалето од втората полуфинална вечер се следниве:

– Kontradikshn (Brežice)

– The Branka (Beograd)

– M.O.R.T. (Sinj)

– Pink Panker (Litija)

– Smoke Shakers (Kavadarci)

– Vault of Pain (Novi Sad

На нив ќе им се приклучат и бендовите „Šine“, „Akoben Electric“, „Noisethrill“ и „Bas i Stega”, победниците од претходната вечер.

Нема сомневање дека од конкурентите ќе се очекува жестока финална вечер, кога сите десет бенда ќе го дадат својот максимум и своите најдобри перформанси за да победат и освојат една од престижните награди од овогодинешниот “Елен Демофест.”

Оставете коментар