“Smoke Shakers” со деби албум

По неверојатно успешната 2014 година во која се сместија во почесното друштвото на Кирил Џајковски и Суперхикс како трети македонски претставници кои како ревијални ѕвезди настапиле на престижниот „Јелен Демофест”, ја делеа бината во Бања Лука со „големите” Хладно Пиво и „Guano Apes”, а настапија и на славната „Гитаријада” во Зајечар, кавадаречките и македонски рок гордости, инди-рок составот “Smoke Shakers” по шест години напорна работа конечно годинава ќе го објави својот деби албум.

На албумот кој сеуште нема име, а се очекува официјално да биде промовиран во текот на месец март ќе се најдат 9 песни, меѓу кои хитовите „Stand together”, „Faith”, „Waiting for original you”, и „Sunny world”. Покрај нив на албумот ќе има место и за „Promise Land”, „Fun Bus” и „Farewall” кои беа промовирани во Бања Лука, но и на уште две нови, досега необјавени песни.

Песните кои го носат препознатливиот за „шејкерски” идни-рок звук а во чие создавања учествуваа сите членови на бендот, се снимаа во студиото “marryPHAT”, а за продукцијата на истите е задолжен Ивица Јанкуловски.

Оставете коментар