Славој Жижек: Кој е најлош

Сега, додека сите сме потресени од убиствата во редакцијата на Шарли Ебдо, вистинско време е да собереме храброст и да размислиме. Секако дека треба недвосмислено да ги осудиме убиствата како напад на самата суштина на нашите слободи и тоа без скриени приговори (како “Шарли Ебдо сепак премногу провоцираше и ги понижуваше муслиманите”), но патот на националната солидарност не е доволен – треба да се оди подлабоко.

Треба да се избегне ефтината релативизација на злосторот (старата мантра “кои сме ние западљаците – извршители на страшни злосторсва во Третиот свет – за да судиме за тие недела?”), а уште повеќе патолошкиот страв на голем дел од западните леви либерали од исламофобијата. Тие лажни левичари ја осудуваат секоја критика на исламот како израз на западната исламофобија; Салман Ружди е осуден бидејќи непотребно ги провоцирал муслиманите и така станал (барем делимично) заслужен за фатвата со која е осуден на смрт итн. Последиците од таквиот став се сосема очекувани: што повеќе западните леви либерали се чувствуваат виновни, толку повеќе муслимански фундаменталисти ќе ги обвинуваат дека се лицемери кои ја кријат својата омраза према исламот. Оваа констатација совршено го одржува парадоксот на супер – его: што повеќе се потчинувате на барањата на Другиот, толку повеќе сте виновни. То ест, колку повеќе сте толерантни према исламот, толку притисокот на вас ќе биде појак …

Поради тоа сметам дека повиците за умереност, како што е ониј на Сајмон Џнекинс (Гардијан од 7 јануари), не се доволни. Тој тврди дека “не смееме да претеруваме давајќи премногу публицитет на последиците, туку секој ваков настан треба да се третира како спореден ужасен случај”. Но нападот на Шарли Ебдо не беше спореден случај, туку дел од прецизната верска и политичка агенда и како таков тој е дел од многу поширок образец. Секако дека не треба да претеруваме – под претерување подразбирам слепа исламофобија – но тој образец мора да биде изложен на немилосрдна анализа.

Разоткривањето на тој демонски мит е многу попотребно од сатанизацијата на терористите како самоубиствени фанатици. Фридрих Ниче уште одамна увидел дека западната цивилизација се движи во насока на Последниот човек, битие без големи страсти и посветеност. Неспособно да сонува а уморно од животот, тоа не ризикува туку бара удобност и сигурност: “Прво малку отров – за сигурна смрт. Ги имаме своите мали дневни и ноќни задоволства, но водиме сметка за здравјето. Ја откривме среќата, велат Последните луѓе и сонливо трепкаат.”

Многу веројатно е дека јазот помеѓу попустливиот Прв свет и фундаменталистичките реакции и понатаму че го продлабочуаат спротивставувањето на долгиот и удобен живот исполнет со материјални и културни добра, и живот посветен на некаква ужасна Цел. Зарем не е тоа антагонизам помеѓу “пасивниот” и “активниот” нихилизам на Ниче? Баш ние западњаците сме тие Последни луѓе на Ниче задлабочени во ситните дневни задоволства, додека радикалните исламисти во својата борба до самоуништување се спремни да ризикуваат се. Песната “Второто доаѓање” на Вилијам Батлер Јејтс совршено ги опишува нашите неприлики: “Најдобрите останаа без уверување, а најлошите се полни со страсна сила”. Тоа е одлична слика на тековниот јаз меѓу анемичните либерали и ‘запалените’ фундаменталисти. “Најдобрите” повеќе не се во состојба да се ангажираат, додека “најлошите” горат во расистички, верски и сексистички фанатизам.

Но дали фундаменталистичките терористи навистина се вклопуваат во оваа слика? Она што очигледно им недостасува е особината која е лесно да се препознае кај сите автентични фундаменталисти, од тибетанските будисти до американските амиши: отсуството на гнев и длабока рамнодушност према неверничкиот начин на живот. Ако денешните така наречени фундаменталисти навистина веруваат дека го нашле својот пат до вистината, зошто би се чувствувале загрозени од неверниците, зошто би им завидувале? Кога будистот ќе сретне западен хедонист, тој не го осудува; само добронамерно ќе забележи дека неговата потрага за среќа е осудена на пропаст. Спротивно од вистинските фундаменталисти, псевдо – фундаменталистичките терористи длабоко ги тишти, интригира и фасцинира грешниот живот на неверникот.

Во нивната борба против Другиот грешен јасно се препознава и нивната борба со сопствените искушенија.

Тука дијагнозата на Јејетс е недоволна да ги објасни нашите несреќи: ‘запаленоста’ на терористите сведочи за отсуството на вистински уверувања. Колку е слаба таа вера кога може да ја разниша глупа карикатура во сатиричен неделник? Фундаменталистичкиот исламски тероризам не се темели на уверувањата на терористите за сопствената надмоќ и желба да го заштитат својот културен и верски идентитет од нападите на глобалната простачка цивилизација. Проблемот со фундаменталистите не е во тоа што ги сметаме за инфериорни, туку во тоа што тие самите така се чувствуваат. Затоа нашите понижувачки, политички коректни гаранции дека не се сметаме за супериорни во однос на нив, само уште повеќе ги разлутуваат и го хранат нивниот гнев. Не е проблемот во културната разлика (нивните напори да го зачуваат својот идентитет), туку баш спротивно: фундаменталистите се како и ние, тие потајно веќе ги усвоиле нашите стандарди и се определуваат според нив. Парадоксално, она што на фундаменталистите навистина им недостасува е доза на вистински “расистички” убедувања во сопствената супериорност.

Недоамнешните пресврти во исламскиот фундаментализам го потврдуваат старото запазување на Волтер Бенџамин дека “секој напредок на фашизмот е сведоштво за неуспешните револуции”: напредокот на фашизмот е навистина несупех на левицата, но и доказ дека постоел револуционерен потенцијал, незадоволство кое левицата не била во состојба да го мобилизира. Истото важи и за т.н. “исламски фашизам”. Напредокот на радикалниот ислам директно е предизвикан од исчезнувањето на секуларната левица во муслиманските земји. Кога во 2009 талибанците ја завземале долината Сват во Пакистан, Њујорк Тајмс извести дека тие планирале “класен бунт заснован на длабокиот јаз помеѓу малиот број богати земјопоседници и закупците без земја”. Меѓутоа, ако талибанците ја користат “лошата положба на селаните за да привлечат внимание на Пакистан, кој и понатаму во најголема мера е феудален”, што ги спречува либералните демократи и во Пакистан и во САД тоа да го “користат” на сличен начин и да се обидат да им помогнат на сиромашните? Во сето тоа најтажно е што феудалните сили во Пакистан се “природни сојузници” на либералната демократија …

Каде тогаш заминаа суштинските вредности на либерализмот: слободата, еднаквоста и тн? Парадоксот е во тоа што самиот либерализам не е доволно јак да ги спаси од нападите на фундаментализмот. Фундаметнализмот е реакција – погрешна и лажна секако – која цели во ахиловата пета на либерализмот, и затоа баш либерализмот секогаш повторно генерира фундманеталисти. Оставен на себе си. Либерализмот постепено ќе исчезнува, а единствено ѓто може да ги спаси неговите суштински вредности е – обновената левица. За да тоа клучно наследство преживее, на либерализмот му е потребна братска помош од радикалната левица. Само така можеме да го поразиме фундаментализмот, да му го истргнеме тлото под нозете.

Размислувањето за одговор на париските убиства значи да се отфрли филистарското самозадоволство на попустливиот либерал и да се прифатат фактите дека судирот меѓу либералната попустливост и фундаментализмот всушност е лажен конфликт – волшебен круг во кој два спротивни пола взаемно се генерираат и условуваат. Она што Макс Хоркхајмер уште во триесетите години на минатиот век го рекол за фапизмот и капитализмот – оние кои не сакаат да зборуваат критички би требало да молчат и за фашизмот – би можело да се примени и на денешниот фундаментализам: оние кои не сакаат да зборуваат критички за либералната демократија, треба да молчат и за верскиот фундаментализам.

 

 

 

Извор: pescanik.net

Превод: Попова

Оставете коментар