Скромна прослава во општина Кавадарци по повод “Св. Трифун”

Ова е еден од најзначајните денови кои го слават лозарите.“Св Трифун“ се смета за заштитник на полските посеви, лозјата и градините, па лозарите и винарите го слават како свој патрон, кога и ги закројуваат лозите и ги залеваат со црвено вино, посакувајќи си притоа плодна и бериќетна година.
Имајќи ја во предвид сомболиката на овој ден, преку планирани активности за обележување на Празникот, Локалната Самоуправа во кординација со Домот на Културата „Иван Мазов – Климе“, и Музеј-Галерија Кавадарци, ќе се реализираат сите содржини кои се тематски поврзани со одбележување на “Св.Трифун“. 

Во содржината на Програмата за обележување на манифестацијата “Св. Трифун“ предвидени се следниве активности:

• Во 10.00-10.45 часот на Градскиот Плоштад:
– Обиколка на штандови и дегустација на производи од грозје;
– “Св.Трифун во Кавадарци“ – Драмски перформанс;
– Фолклорен ансамбал „Тиквеш“- ора и танци од Тиквешијата;
– „Тајфата на Димо Дулот“- музички настап;

• Во 11.00-11.30 часот во Светиот Храм “Св.Димитрија“ Кавадарци:
– Свечено закројување на лоза од страна на свештените лица и гостите.

За целата оваа програма од буџетот на Општина Кавадарци се оделени минимални средства во износ од:
– Подготовка на традионални тиквешки јадења 10 000 денари;
– Репрезентативни поклони за гостите 60 000 денари;
– Хотелско сместување за гостите 100 000 денари;
– Угостителски услуги 200 000 денари;
– Оперативни трошоци 10 000 денари;
– Озвучување 2 000 денари;
– Настап на музички групи и фолклорни ансанбли 100 000 денари.
Или, Вкупно: 482 000,00 денари.
Средствата за реализација на оваа Програма, ќе се финансираат од средствата на Буџетот на Општина Кавадарци за 2014 година.

{facebookpopup}

Оставете коментар