Скандал во село Марена, Кавадаречко. На ромите им бил “бришан” долг од 4000 евра

Во текот на вчерашниот ден група на активисти на една политичка партија одиграле улога на дедомразовци делејќи 150 кг. на замрзната риба на ромското население како би се освоил нивниот глас на денешните избори.Овој настан се случил во селото Марена во непосредна близина на општина Кавадарци.

На ромите исто така им биле делени и пакети зејтин (да може да ја изпржат рибата) како и картички за кредит за мобилни телефони во вредност од 500 денари. Покрај ова биле делени и други прехрамбени продукти. Исто така, на селаните од ромска националност им бил “отпишан” заостанат долг од цели 4000 евра кој го имале за струја и вода.

Оставете коментар