Скандал: После штрајкот, фрчат откази во “Дрекслмаер”

По штрајкот во фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци, околу 60 работници добиле отказ. Тоа што привлекува внимание е дека отказите не ги делат сопствениците, туку шефовите кои се назначени од нив. Дел од вработените апелираат до колегите да не се плашат за последиците и за своите, како што рече еден работник, „плати од 7 – 9.000 денари, колку што изнесуваат во оваа странска инвестиција“ и гласно да говорат за проблемите. Инаку штрајкот започна со барање да им се исплатат на работниците ветените дневници за работењето за време на Велигденските праници.

Извор Телма

Оставете коментар