СКАНДАЛ: Јанчев и ОК ДПМНЕ Кавадарци активираа црна кампања против Китев!

ДПМНЕ за Јанчев фрла огромна сума пари на анонимуси од портали активирани за црна кампања

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа пред комплетно самораспуштање во пресрет на локалните избори кои ке се одржат на 15-ти октомври. Внатрепартиските превирања и поделби како резултат на големиот одлив на верни подржувачи кои се разочарани од актуелното локално и централно раководство може да се каже дека ја прелеа чашата.

Во недостиг на идеја и паника како резултат на слабите теренски резултати во општина Кавадарци, ОК на ДПМНЕ Кавадарци наместо на граѓаните да им презентира дел од проектите кои ги имаат во програмата, сламка спас и да се врати барем малку од многу изгубеното се обиделе да побараат од неколку локални анонимни портали кои имале за задача веднаш да започнат со црна кампања против кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Бетиане Китев.

Нимфоманкс и Курир, се едни од најприврзаните режимски трач сајтови на Никола Груевски и ДПМНЕ. Големи суми на пари на граѓаните во изминатите десетина години ги полнеа џебовите на овие и слични сајтови за лажни вести. Меѓутоа нивните содржини се многу малку актуелни и тешко допираат до локалните средини. Во таков случај во предизборието се регистрирани голем број на нови локални порталчиња од страна на ДПМНЕ кои имаат само една задача: објавување лаги и манипулирање со јавноста како дел од црна кампања.

Таков еден “сончоглед” имаат и локалните ограноци на ДПМНЕ од вардарскиот регион. Еден од нив е и сајтот vardarski.mk .

 Јанчев и ОК ДПМНЕ Кавадарци активираа црна кампања против Китев!

На МАРНЕТ (официјален регистер на македонски домени) стои информација дека доменот vardarski.mk е регистриран непосредно пред официјалниот почеток на предизборната кампања односно на 15.09.2017 од страна на лицето Костадин Тасевски со адреса на живеење Бул. Видое Смилевски Бато од Скопје. Најверојатно станува збор за партиски активист задолжен за “перење” на злосторниците од ДПМНЕ.

Работите и перверзиите на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци одат до граница што од петни жили се обидуваат да го оцрнат семејството Китеви со лаги и манипулации. Иако Јанчев во неколку наврати изјави дека неговата кампања ќе биде исклучително во позитивна насока, работите на терен го велат спротивното.

 Јанчев и ОК ДПМНЕ Кавадарци активираа црна кампања против Китев!

И овојпат раководството на ДПМНЕ во паника и очај повторно си удрија шамари меѓусебе. Јанчев во неколку наврати му подаде рака на Китев и јавно се огласија дека во текот на кампањата оцрнувањето на фамилиите и семејствата на сите кандидати од општина Кавдарци ќе биде јавно осудено.