Скандал: 20 вработени на македонски шуми од Кавадарци пред отпуштање од работа

Ова е писмо од директорот на Македонски шуми, Жарко Караџоски. Испратено е до подружницата на претпријатието во Кавадарци на 09 јануари годинава. Караџоски бара ОТПУШТАЊА НА НАЈМАЛКУ 20 ВРАБОТЕНИ!

Еве што стои во дописот.

Донесена е одлука за престанок на работен однос на поголем број работници, од деловни причини, односно најмалку 20. Дел од нив возачи и инженерски кадар! По налог и со потпис, како што се гледа, на директорот Жарко Караџоски. Тој, во писмото бара од Синдикатот во Кавадарци, да се вклучи во изборот на оние кои ќе бидат избркани од работа. Тоа е истиот оној Караџоски кој ПРИМИ 25 ЛИЦА, ТОКМУ ВО КАВАДАРЕЧКАТА ПОДРУЖНИЦА, извлечени во телевизиското шоу на Груевски и Ставрески. Истиот оној Караџоски со чиј потпис наводно се вработија 1600-тини лица во Македонски шуми.

Сега тој Караџоски, бара 20 отпуштања, само во Кавадарци. До каде оди несовесноста на власта на Груевски покажува ова срамно поигрување со надежта на луѓето, за едно од најболните прашања, егзистенцијата. Дека за извлечените во ЛОТО-то немало предвидени работни места, ниту обезбедени пари за плати, покажа барањето на Владата до општините, како знаат, да најдат вработувања за некои од наводните среќници. На чија мака се рекламираа Груевски и Ставрески.

До денеска е нејасно дали и колку од најавените 1600-тини вработувања се реализирани и на кои работни места, а веќе стигнаа информации за отпуштања. Сега премиерот Груевски и вицепремиерот Ставрески нека одговорат: 

Знаат ли за барањето на Караџоски за отпуштањата од Македонски шуми? Дали се одзема егзистенцијата на едни граѓани, за да бидат задоволени партиски апетити на други?

Оставете коментар