Сите добитници на Нобелова награда за 2014 година

Годишната награда го добила името по шведскиот научник Алфред Нобел, и е една од најпрестижните награди кои се доделуваат во шест категории. Паричниот фонд за оваа година изнесува 8 милиони пведски круни (околу 870.000 евра). Како и секоја година, наградите ќе им бидат врачени на добитниците на 10 декември.

Алфред Нобел умрел 1896 година и целиот свој имот од 150 милиони долари го оставил на човештвото. Сакал секоја парична награда да се искористи за понатамошни истражувања и развој. Рекол дека единствена цел во живото му била да го шири знаењето бидејќи бил уверен дека со тоа се шири благосостојба.

Во тестаментот се изјаснил дека сака да се создаде фонд чиј профит од каматите еднаш годишно ќе се додали на луѓе кои дале најголем допринос во физиката, хемијата, физиологијата, книжевноста и мирот.

Иако се доделува и Нобелова награда за економија, тој во својот тестамент не ја предвидил. Првичните пет категории се наградуваат од 1901 година, а во 1969 година се наградуваат и експертите во подрачјето на економијата. Таа награда не се доделува од неговиот фонд, туку ја доделуваат Шведските банки.

1. Нобелова награда за мир

Оваа година наградата за мир ја добија Пакистанката Малала Јоусафзаи и Индиецот Каилаш Сатиартхи. Се бореле против искористување на децата и младите како и за правото на децата за едукација.

Талибанците пробале да ја убијат Малала во 2012 година кога во училишниот автобус и пукале во глава и во врат. Итна медицинска помош и е дадена во Пакистан, а лечењето го продолжила во Англија. Вградена и е титаниумска плочка која ја покрива дупката во черепот и влијае на враќање на слухот.

Околу 300.000 луѓе потпишале петиција со желба Малала да се номинира за Нобелова награда за мир. Родена е во 1997 година што значи дека на 17 години е најмладата добитничка во историјата. Поради храброста при посветување на својот живот за одбрана на човековите права и слободи, 2013 година ја добила и наградата Сахаров.

Каилаш Сатиартхи веќе неколку децении се залага за престанок на искористувањето на децата за работа. Организацијата со која управува, Bachpan Bachao Andolan, до сега има ослободено 80.000 деца. Организацијата помага и во рехабилитацијата како и во едукацијата на истите. Од 1993 година наградуван е 12 пати, што ја докажува неговата постојана работа. Ова му е 13 – та награда.

2. Нобелова награда за хемија

Американците Ерик Бетзиг и Вилијам Моернер како и германецот Стефан Хел овозможиле увид во поединечните молекули во жива клетка.

Со употреба на флуоресценција го подобриле микроскопскиот преглед поради што ситните молекули сега можат да се видат, иако тоа било долгогодишна препрека за понатамошен развој во подраќјето на молекулите. Научниците сега можат во вистинско реално време да го проучуваат создавањето на синапси меѓу мозочните ќелии.

Модерните микроскопи можат да ја следат поединечната белковина поради подобро разбирање на некои болести како што се Алзхејмеровата и Паркинсоновата болест. Освен тоа, можат да го следат и делењето на полодените јајце клетки и настанокот на ембрионот.

3. Нобелова награда за физика

Еколошки прифатливо решение; диодите кои имитираат сина светлина и ја штедат енергијата на белите извори на светлина, се причината оваа година за добивање на Нобелова награда. На тој начин наградата замина во рацете на Акасаки Хирошиу Аманоу од Јапонија и Шуји Накамури од Универзитетот во Калифорнија.

Нивниот изум е стар веќе 20 години, но одборот на Нобел истакнува дека тој изум целосно го променил создавањето на бела светлина на начин кој може да ни користи на сите.

“Нивниот изум беше револуционерен. Класичните сијалици го осветлуваа 20-тиот век, а 21-виот ќе биде осветлен со ЛЕД светилките” рекол Олле Инганс, член на одборот за доделување од Универзитетот во Линкопинг. 

4. Нобелова награда за медицина

ГПС систем во мозокот? Звучи неверојатно, но всупност тоа е причината поради која американско – британскиот научник О’Киф и норвешкиот брачен пар Меј – Брит Мосер и едвард Мосер ја добија Нобеловата награда оваа година во подрачјето на медицината. Одборот за доделување на наградата рекол дека нивното откритие кое се однесува на човековиот систем за навигација може да помогне при подобро разбирање на болестите како Алзхеимеровата.

Нивниот систем овозможува подобро снаоѓање и складирање на информации кои подоцна може да се активираат. Со ова е решена мистеријата за начинот на кој нашиот мозок создава мапи на просторот. 

“Сознанијата за позициониот систем на мозокот можат да ни помогнат подобро да ги сфатиме тешките пореметувања во губењето на просторноста од што се погодени личностите кои страдаат од Алзхеимерова болест” соопштил петочлениот одбор кој ја доделува оваа награда.

5. Нобелова награда за книжевност

Францускиот книжевник Патрик Модиано е добитник на Нобеловата награда оваа година. Наградата ја доделува Шведската академија која се состои од 18 членови – книжевници, лингвисти, професори … Оваа година примиле 210 номинации.

Модиано е писател на детски книги, филмски сценарија и романи. Негово најпознато дело е “Исчезната личност”. “Тоа е приказна за детектив кој го изгубил помнењето” рекол постојаниот секретар на Шведската академија Питер Енглунд образложувајќи ја наградата. 

Инаку, Модиано е 11 – тиот французин кој ја добил Нобеловата награда. На добитникот на наградата за книжевност му се доделува парична нарада, диплома и медал. На медалот се изгравирани зборовите од Енеида на Вергилиј: Inventas vitam juvat excoluisse per artes (оние кои со своето знаење го направиле животот на земјата подобар).

6. Нобелова награда за економија

Добитник на наградата за економија не е соопштен заедно со останатите добитници, туку се случи вчера. Добитник е францускиот економист Жан Тирол за неговата работа на тоа како да се ‘скротат’ големите бизниси кои доминираат со јавните монополи како што се на пример железниците, авто – патиштата и телекомуникациите. Жан Тирол е 61 годишен доктор по економија, професор на Универзитетот во Тулуз.

 

 

Оставете коментар