ВИДЕО(Дискусија) – Вас ист Аркзин

Аркзин, во времето на разгорувањето на југословенските национализми, воспостави фронт против обидот во Хрватска да се задуши критичкото мислење и да се остави простор на националистичките нарации. Уредништвото на Аркзин (Борис Буден, Весна Јанковиќ и Дејан Кршиќ) се постави наспрема „општеството на спектаклот“, правејќи го речиси неможното – тие успеаа, во тогашната радикално националистичка и диктаторска Хрватска, да отворат прозорец низ кој ќе се осознае дека политичкиот преовладувачки спектакл е само илузија која ја ползува медиумската „окупација“ за да ја покаже својата надмоќ. Аркзин е парадигма, референтен и единствен модел за транзициониот период за тоа како суштински треба и може постојано да се истражуваат форматите на отпорот и доследно да се преобликуваат онака како што би можеле најефикасно да ги декодираат, читаат пораките на официјалната култура/пропаганда, кои таа ги испраќа кон општествено различните групи.

Оставете коментар