Синот на Вељаноски кој беше фатен со дрога на граница денес пред грчки суд

Според „Прото тема“, но и повеќе други медиуми и блогови во Грција, младиот Филип пред судот во Кукуш се бранел дека пронајдената дрога му е за лична употреба, а оти не знаел дека воопшто му е потребна дозвола за ножот.

Веднаш по ослободувањето од притвор, полициските службеници во Кукуш на патната исправа на синот на Вељаноски му ставиле печат, па во наредните 5 години му е забрането да влегува во Грција, каде што во наредниот период е „persona non grata“, тврдат грчки веб портали.

Како што пишуваат грчките портали, откако припадниците на единицата за безбедност од Кукуш извршија претрес во неговото нозило го пронајдоа сокриен ножот и наркотичните средства. Другиот ден пред обвинителството тој изјавил дека наркотичните средства ги носел за лична употреба, како и дека не знаел дека во Грција е забрането да се носи таков вид на нож без дозвола за носење оружје. Конечно, обвинителот донесе одлука да се одржи судско рочиште на 5-ти јули, а дотогаш момчето да биде ослободено, и да може да се врати во Скопје.

Како што пишуваше Утрински весник, грчките правници оценуваат дека не се работи за тежок прекршок и дека голема е веројатноста момчето да помине со полесна парична казна. Доколку не се појави на судењето, според грчките закони, судот ќе пресуди во негово отсуство, но така работите за него може да се искомплицираат не само во Грција, туку во сите држави од шенген-зоната кои ќе бидат информирани за пресудата.

Според грчките медиуми, веста за апсењето на младиот Вељановски била игнорирана од повеќето македонски медиуми.

Од кабинетот на Вељаноски не ги коментираа пишувањата на грчките медиуми.

Извор Либертас

Оставете коментар