Силувана полуматурантка во Тиквешкиот регион

Според официјални информации на  СВР Велес, 4 или 5 млади од село во тиквешијата извршиле полова злоупотреба.  Половиот напад бил извршен врз млада девојка,  жителка од истото село, од каде што потекнуваат и лицата кои ја извршиле половата злоупотреба. Половата злоупотреба била извршена во автомобил, комбе.

Портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска потврди за Дневник дека силувањето  било пријавено во текот на вчерашниот ден во полициска станица.

– Се работи за пријава за полов напад врз малолетник. Има осомничени лица. Работиме на целосно расветлување и документирање на случајот-рече Стојковска.

Извор: ДНЕВНИК.

Оставете коментар