ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ си сокршиле уште еден партиски штаб во Кавадарци !!!

ВМРО-ДПМНЕ искршиле уште еден партиски штаб на Митко Јанчев?

Искршен е партиски штаб од одредена група членови и симпатизери од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци кои редовно го саботираат својот кандидат за градоначалник, Митко Јанчев. Синоќа, по којзнае кој пат за време на предизборната кампања самите си демолирале свој партиски инфо центар. Како и изминатите неколку случаеви на самодемолирање и овојпат извртувајќи го настанот преку прес конференција повторно ги обвинија другите партии дека се виновни за случајот.

Од почетокот на сопствената кампања, Јанчев упорно се обидува пред јавноста да ја презентира внатрепартиската сплотеност иако постојано е изложен на саботирање од таканареченото незадоволно партиско крило во ДПМНЕ кое имало аспирации за друг кандидат.

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија повика на трпеливост кај партиските симпатизери, повика на воздржување од вандалски работи и задржување на основните принципи на фер и демократски изборен процес.

За потсетување, изминатата недела во подрачната единица на МВР од страна на ОК ВМРО-ДПМНЕ беше пријавен случај дека им е демолиран партиски штаб. Откако се направи увид на лице место од страна на надлежните беше заклучено дека станува збор за лажна пријава од страна на ВМРО-ДПМНЕ.