ДПМНЕ Кавадарци од пусти срам го кријат својот шеф на изборниот штаб!

Промена на шеф на изборниот штаб на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

Горица Пеливанова Вилхелм, претседателката на совет на ооштина Кавадарци во заминување, се откажува од шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци. Таа на социјалните мрежи го објави своето повлекување од таа позиција.

Како што изјави Пеливанова-Вилхелм, причината за нејзината оставка биле здравствени причини кои ја спречуваат да ја води партијата во вториот изборен круг. Притоа, таа додаде дека на нејзиното место, како шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исто така уште една политичка фигура во заминување, се уште актуелниот градоначлник Александар Панов.

Оваа информација и промени кои се случуваат во ДПМНЕ до сега не е објавена официјално од стана на партијата, иако на дуелот на тлевизија КТВ, кандидатот за градоначалник Јанчев обелодени дека истата информација ќе биде објавена за јавноста а претходно пак изјави дека Александар Панов не го води изборниот штаб на ДПМНЕ.

Во секој случај, продолжуваат “турските” внатрепартиски серии во кавадаречко ДПМНЕ каде нит се знае кој јаде, кој пие, кој дава изјави, дали се официјални или пак, дали се вистинити.

Јанчев упорно во досегашниот тек од кампањата се оградуваше од ДПМНЕ, изјавувајќи дека имало лоши локални политики и чекори од страна на Панов.

Кавадаречката јавност пак сосем спротивно ги толкуваат внатрепартиските превирања во ДПМНЕ Кавадарци. Велат дека заради неуспехот од убедлива победа во првиот круг Пеливанова добила моментален отказ, додека пак Панов настапува заради блиските односи кои ги има со кандидатот Јанчев.

pelivanova-jancev-panov2_800x445